5 мали градови што треба да ги видите (барем) еднаш во животот

Лозана во Швајцарија и Берген во Норвешка се помали од градовите кои се популарни туристички дестинации, но тоа не значи дека не вреди да ги видите барем еднаш во животот.

5-mali-gradovi-sto-treba-da-gi-vidite-barem-ednas-vo-zivotot-01.jpg

И додека многумина на одмор патуваат во големите градови, не треба да се заборави дека дури и оние градови кои немаат милиони жители можат да ви понудат нешто посебно.

5 мали градови што треба да ги видите (барем) еднаш во животот:

Лозана

Четвртиот по големина швајцарски град е познат по својата разновидност и развој. Тешко дека ќе останете имуни на шармантните улици и камени згради. Во одреден момент можеби ќе се почувствувате како да сте на Медитеранот.

Градот е одлично поврзан, па нема да имате проблем да стигнете до многуте езера и планини за брз временски период. Постојат и директни железнички линии до Париз и Милано.

5 mali gradovi sto treba da gi vidite barem ednas vo zivotot 02

Болдер

Веројатно не сте слушнале за овој град, но самото тоа што се наоѓа во подножјето Карпестите Планини и ужива во 300 дена сонце годишно, е доволно за да привлече туристи.

Тука има и неколку одлични ресторани, а жителите го фалат како одлично место за живеење, со идеален сооднос на работа и слободно време.

Дом е на околу 100.000 жители, па ако некогаш патот ве однесе во Колорадо, не заборавајте да му дадете шанса на овој, според американски стандарди, мал град.

5 mali gradovi sto treba da gi vidite barem ednas vo zivotot 03

Берген

Берген е опкружен со прекрасни планини, а самиот град е влез во фјордовите на западниот брег на Норвешка. Тука ќе имате бројни можности за рекреација покрај пешачењето, нуркањето и скијањето.

Исто така, градот е домаќин на голем летен фестивал, а и љубителите на културата ќе бидат задоволни со веста дека пред некоја година е реновиран Природонаучниот музеј.

5 mali gradovi sto treba da gi vidite barem ednas vo zivotot 04

Хобарт

Време е да скокнеме во Австралија, поточно до островот Тасманија. Тука се наоѓа Хобарт, кој брои нешто повеќе од 200.000 жители.

Според податоците, ова е град во кој стандардот е меѓу највисоките во земјата, а покрај тоа има прилично удобна клима за живот.

И покрај своите современи елементи, Хобарт е постар град, па тука ќе најдете бројни стари пабови, а нема да бидете разочарани ниту од културната понуда.

5 mali gradovi sto treba da gi vidite barem ednas vo zivotot 05

Чигасаки

Опкружен со планини и море, само еден час оддалечен од Токио, овој град може да се нарече и селско засолниште.

Сите љубители на велосипедизмот доаѓаат тука, со оглед дека инфраструктурата е одлична, а и најдобриот начин да го прошетате градот е со велосипед.

Исто така, целиот град е преполн со добри ресторани, а ако сакате спорт, тука често се сурфа.

5 mali gradovi sto treba da gi vidite barem ednas vo zivotot 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
10 градови кои треба да ги посетите оваа есен 2025-та (по препорака од патувачка блогерка) Амстердам, Холандија... Златните лисја покрај каналите, помалиот број туристи во...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg