Подземно чудо – гробницата на кинескиот цар Ќин Ше Хуанг и статуи на војници и коњи

Замислите дека одите по некои темни тунели, го слушате вашето забрзано дишење, отчукувањето на срцето и одеднаш, пред вас се отвора простор со илјадници статуи на теракотни војници. Може да ја пуштите вашата фантазија да ве води, таа никогаш не може да се истроши.

FotoJet

Кога сме веќе кај статуи на војници, мечтата ќе ја поврзам со нешто конретно. Во Кина постои добро познатата гробница на императорот Ќин Ше Хуанг, која за првпат била откриена во 1974 година.

Можеби нема да ви се верува, но прочуената гробница, тогаш на никого познатата, случајно била откриена од страна на мала група кинески земјоделци кои наишле на статуа на војник. Можеме само да претпоставиме какво откровение претставувало тоа.

podzemno cudo grobnicata na kineskiot car cin si huang i statui na vojnici i konji 4

Оние што имале пристап до местото велат дека на десетина километри источно од древниот град Ксиан, постои висок насип, кој на многумина им изгледа како затрупана пирамида. Токму во тие подземни ходници и простории веќе два века спие Ќин Ше Хуанг.

podzemno cudo grobnicata na kineskiot car cin si huang i statui na vojnici i konji 8

Се смета дека за време на владеењето на Ше Хуанг, во династијата се развил бирократски систем што му овозможил на царот да има контрола врз големата територија. За време на неговото владеење, Ќин Ше Хуанг почнал да ја гради својата гробница, во чија изградба учествувале околу 700 илјади луѓе.

podzemno cudo grobnicata na kineskiot car cin si huang i statui na vojnici i konji 7

По неговата смрт во 210 п.н.е. гробницата била затворена и никогаш повеќе откопана. Никој не ги знае точните причини за ова. Но, остануваат уште еден куп неодговорени прашања, а историчарите и археолозите мора да внимаваат со секој свој чекор за да го сочуваат овој историски и многу важен простор.

podzemno cudo grobnicata na kineskiot car cin si huang i statui na vojnici i konji 5

Рововите со војниците се наоѓаат на километар и полoвина од гробот на Ќин Ше Хуанг, а во подземјето се најдени повеќе од сто војнички коли, 40.000 оружја, како и 8.000 скулптури на војници и коњи.

Овие фигури се така направени, што за момент ќе помислите дека се живи. Е токму овие културни споменици потврдуваат дека древната кинески историја е богата и исполнета со безброј мистерии.

podzemno cudo grobnicata na kineskiot car cin si huang i statui na vojnici i konji 6

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg