10 магични места кои вреди да се посетат барем еднаш во животот
Иако можеби не ни се доволни ни три животи да ги истражиме сите нејзини убавини, миговите низ патувањето и запознавањето на нашата планета Земја се навистина непроценливи.
Природата му дала на човекот богатство на различност и убавина, грандиозност и величественост.
Постојат места кои имаат моќ да нè фасцинираат и да докажат уште еднаш колку е моќна и магична нашата природа. Во склоп со разновидната богата историја, локалната храна, обележјата и авантурите на едни од најубавите природни опкружувања во светот.
Во продолжение ви претставуваме 10 места кои ќе ви го одземат здивот и ќе останат засекогаш врежани во вашата меморија:
1. Devil's bridge, Германија
Rakotzbrücke или „Мостот на ѓаволот“ е иконски заоблен мост, сместен во живописниот парк Кромлау во источна Германија.
Кружниот мост привлекува многу посетители, делумно поради неодамнешната слава што ја стекна на Инстаграм, и е една од најпосетуваните атракции во Германија.
2. Аntelope Canyon, Северна Аризона
Кањонот Антилопа е навистина фасцинантно место, сместено во северна Аризона, каде што живее народот Навахо.
Исклучителната портокалово-кафеава боја на карпестите sидови, со своите интересни лебдечки форми, како и прекрасната игра на длабокиот мрак и светлината што доаѓа одозгора, го прават овој кањон одлично место за истражување.
3. Sea of Stars, Малдиви
Веќе добро знаеме какви сѐ убавини постојат на островите на Малдиви, но штом ќе падне ноќта, островот Вадху открива уште едно мистично изненадување: Блескави сини бранови кои го зафаќаат песочниот брег. Глетка која со својата фантастичност прави да се чувствуваш како да шеташ низ небото.
Стресот предизвикан од движењето на морето и брановите ги поттикнува планктоните да испуштаат светлина. Односно, ја активира појавата биолуминисценција. Емитуваната светлина има електрична сино-неонска боја која зрачи, пробивајќи се низ секој од брановите.
4. Vinicunca Rainbow Mountain, Перу
Оваа прекрасна планина распослана со виножита,се наоѓа во Перу, со надморска височина од 5.200 метри.
Причината што ги гледаме боите на виножитото во стратиграфските слоеви на планината, во најголем дел, се должи на метеорологијата и минералогијата.
Според повеќемина научници, светло-розовиот песок ја добил својата нијанса од илјадниците скршени корални парчиња, школки и калциум-карбонатните материјали. Ова се остатоци од ситните морски суштества со црвени и розови школки, кои живеат во коралните гребени што ја опкружуваат плажата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





