Даргавс, градот на мртвите:„кој влегол - нема да се врати“

Скриенa во еден од петте планински гребени што го делат Кавказ, лежи една од најголемите руски мистерии.

Gradot na mrtvite zirnete vo vnatresnosta na misterioynoto selo Dargavs 01

Тука се наоѓа збир на еднокатни куќи од тули, опкружени со живописни фарми и каскадни карпи, а локалното население веќе долго време верува дека оние што влегуваат во селото никогаш нема да се вратат.

Селото Даргавс, инаку познато како „Град на мртвите“, се смета за едно од најстрашните места во Северна Осетија, бидејќи се протега врз 10.000 гробови. Станува збор за античка некропола, каде што луѓето биле погребувани помеѓу 14-ти и 18-ти век.

Овие антички гробишта се состојат од крипти поставени во долина долга 17 километри. Некои се доволно големи за да соберат едно тело, додека другите имаат четири ката.

Историчарите велат дека секоја крипта има бунар кој имал круцијална улога за да се открие дали некој допатувал во другиот свет. За да го дознаат одговорот мештаните фрлале паричка во бунарот. Доколку паричката би удрила во камен при паѓање на дното, тоа се сметало за добар знак.

Иако постојат многу теории за овој град, доказите покажуваат дека за време на чумата што ја зафатила областа во 18-ти век, заразените жители биле ставени во карантини во криптата и ја чекале нивната смрт.

Gradot na mrtvite zirnete vo vnatresnosta na misterioynoto selo Dargavs 02

Историските легенди велат дека жртвите на сериозната болест биле мета на античките „богови“, кои биле лути на начинот на кој селаните се однесувале. До неодамна, луѓето верувале дека секој што ќе го посети овој град нема да се врати.

Страшниот град привлекува туристи од околните места, како и од целиот свет, иако заради тешкотијата во наоѓање на локацијата и самото пристигнување, во местото нема многу туристи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg