Не користат завеси, се работи 7 часа, во јули сите на одмор - Најчудните факти за Норвешка

Традиција за пакување ручеци

Секое утро во норвешките семејства започнува со пакување ручек. Родителите им пакуваат храна на децата, а за нив, пак, си пакуваат храна за работа.

Најчесто во овие кутии се наоѓаат сендвичи, паштета, зеленчук, овошје и понекогаш јогурт и тестенини.

Кога одат на подолга прошетка, сите Норвежани си носат ваква кутија за ручек. Имаат и интересен ритуал – кога искачуваат планина, прават пауза, јадат од кутиите и само уживаат во погледот.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-09.jpg

Ретка храна

Во Норвешка има навистина чудна храна, а овие оброци се меѓу најчудните:

- Gamalost: Ова е традиционално норвешко сирење со мувла кое не мора да се чува во фрижидер. Има навистина силна арома и е многу скапо.

- Smalahove: Овој „специјалитет“ е варена овча глава, која се служи со брокула и пире од компири.

- Blodpannekaker: Ова е всушност торта, во чие тесто се додава крв од елен. Поради ова, тортата има кафеава нијанса.

- Kalstuing: Ова е еден вид супа со зелка и млеко.

- Lutefisk: Уште еден ароматичен оброк – ова е риба потопена во алкално соединение, која има многу силен мирис.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-10.jpg

Норвешки вафли

Покрај лошите јадења, Норвешка може да се пофали со одлични вафли. За Норвежаните, овие вафли се како леб и ги прават за речиси секоја прилика. Се продаваат и во кафетерии и ресторани, а можат да бидат слатки и солени.

Можете да си ги направите и дома:

- Измешајте 2 јајца со 100 грама шеќер. Додајте 150 милилитри млеко, 200 милилитри матеница и 100 милилитри вода.

- Измешајте 350 грама брашно, 1 лажица ванилин шеќер, ½ лажица кардамон, ½ лажица сода бикарбона и 1 лажица прашок за печиво.

- Измешајте ги состојките и направете хомогена смеса, па оставете да отстои 15 минути.

- На крај, додајте 125 грама растопен путер и печете ги вафлите додека не добијат златно-кафеава боја.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-11.jpg

Пензионерски живот

Сигурно ќе се изненадите од виталноста на норвешките пензионери. Тие се физички активни и на 80 години, ја следат технологијата и се во тек со сè.

Всушност, тие се поразлични од кои било пензионери што сте ги сретнале.

Неколку факти го докажуваат тоа:

- Норвешките пензионери патуваат околу 3-4 пати годишно.

- 95% од нив имаат автомобили и можат да возат.

- Водат многу активен живот - скијаат, пешачат и се дел од секакви групи и клубови.

- Просечната пензија во Норвешка за 2019-та изнесувала 2.200 долари.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-12.jpg

Здравство

Посетата на лекар најчесто чини 22 долари, а потоа, ако има потреба, тој ќе ве испрати на специјалист. Консултацијата со специјалист, пак, може да чини од 30 до 40 долари.

Кога ќе се земат предвид високите плати и пензии, оваа сума не е воопшто голема.

Доколку годишно сте потрошиле над 220 долари за здравство, ќе ви бидат покриени сите идни медицински трошоци.

Единствениот недостаток е што овде не можете да повикате лекар дома, дури и ако вашето дете има навистина силна треска. Во овој случај, ќе треба да одите до болница или брза помош.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-13.jpg

Цени

Норвешка е скапа држава и често се случува луѓето да потрошат 200 долари без да купат нешто конкретно.

Услугите, пак, се уште поскапи, но просечната плата овде е 4.000-7.000 долари месечно.

И покрај високата плата, Норвежаните штедат многу:

- Во зима, температурата во домовите не е повисока од 18 степени. Кога се на работа, повеќето го исклучуваат греењето, а кога се дома носат подебела облека. Ова им помага да заштедат многу.

- Користат вода само толку колку што им треба.

- Внимаваат колку трошат тоалетна хартија.

- Прават неделно мени и ги купуваат само потребните продукти за исхрана.

- Понекогаш купуваат работи од Шведска, бидејќи е поевтино.

Како да заштедите како турист?

- Ако сте со ограничен буџет, купувајте храна од брендот First Price – квалитетот на продуктите е ист како и на поскапите.

- Цените за гориво се најниски во недела наутро и понеделник или четврток попладне.

- Во Норвешка, ако јадете во ресторан, ќе платите и за масата. Затоа, најдобро е да ја понесете храната дома или да готвите.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-14.jpg

Корпи за купување за сингл луѓе

Во норвешките продавници има корпи кои се означени со налепница „За сингл луѓе“.

Идејата зад ова е ако сте сингл и сакате да запознаете некој, тогаш земете ја оваа корпа и дискретно почнете разговор со личност што носи иста корпа.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-15.jpg

Кога е најдобро да ја посетите Норвешка?

- Јануари е одличен месец да одите на север и да ѝ се восхитувате на поларната светлина. Овој период се најголеми шансите да ја видите.

- Февруари и март се најдобрите месеци за скијање. Времето е одлично, снегот чист, деновите се долги и има многу сонце.

- Април, особено почетокот, е совршен период за посета на Лофотенските Острови. Доколку сакате риболов, ова ќе ви биде незаборавно искуство.

- Мај е месецот кога се прославува независноста на Норвешка. На 17-ти можете да видите многу Норвежани со традиционални костими, шарени паради и секакви настани.

- Јуни е погоден за прошетка низ големите градови во Норвешка.

- Јули е период кога треба да патувате низ фјордовите.

- Август е најдобриот период за истражување на планините и историските знаменитости.

- Септември е совршен доколку сакате да уживате во златната есен и да возите велосипед.

- Октомври и ноември не се препорачливи за посета на Норвешка. Овие месеци времето е лошо, темно е, има многу врнежи, нема снег, а нема ни сонце.

- Декември го означува отворањето на скијачката сезона.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg