Не користат завеси, се работи 7 часа, во јули сите на одмор - Најчудните факти за Норвешка

Вероника е жена од Латвија која веќе 7 години живее во Норвешка.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-01.jpg

Според неа, во овој период се промениле многу аспекти од нејзиниот живот – од облеката, па сè до новогодишните прослави.

Бидејќи и после речиси цела деценија во Норвешка таа сè уште се изненадува од културата на Норвежаните, решила да сподели кои се најчудните, но и најинтересните работи што ги забележала.

Норвежаните ја сакат природата

Во Норвешка постои закон според кој сите граѓани имаат слободен пристап во природата. Односно, во Норвешка слободно можете да си поставите шатор настрана од зоните за кампување и можете да пешачите, возите велосипед и пливате каде што сакате.

Норвежаните толку ја сакаат природата, што имаат и збор за тоа – friluftsliv, односно „живот на отворено“.

Истовремено, тие се и внимателни и никој не фрла отпад и не лови заштитени животни.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-02.jpg

Речиси и да не се користат завеси

Норвежаните сакаат да истакнуваат дека немаат што да кријат. Ова најмногу се гледа по одлуката да не ставаат завеси на прозорците.

Навондно, ако прошетате навечер, лесно можете да видите што се случува во туѓите домови, а тие така уживаат во погледот. 

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-03.jpg

Растенија на покривите од куќите

Овој „тренд“ изгледа прекрасно и природно и одлично се совпаѓа со норвешкото опкружување.

Наводно, трендот се појавил во раниот 19-ти век. Покривањето на покривите со растенија најчесто е за задржување на топлината во домот во зима, но и ладење на куќата во лето.

Истовремено, растенијата нудат и звучна изолација, а овие зелени покриви ја преживуваат речиси секоја бура.

Покривите се направени од неколку слоја кора од дрво, сало од овци, тресет, трски и мов. Покривите тежат многу, особено после дождови. Интересно е што постојано мора да се влажни, па се одличен дизајн за врнежливата Норвешка.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-04.jpg

Во јули сите Норвежани се на одмор

Во јули, дури 90% од Норвежаните го користат годишниот одмор. Всушност, ова им стои и во договорот за работа – од 5 недели одмор, 3 мора да бидат во јули.

Овој период градинките и училиштата се затворени, а улиците потполно празни.

Најчесто Норвежаните летуваат во јужна Европа или во нивните селски викендички.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-05.jpg

Овде ќе имате чувство како да се работи многу малку

Вероника вели дека кога пристигнала во Норвешка, не ѝ било јасно зошто работат толку малку.

Градинките затворале после 16:30, но сите деца биле заминати до 16 часот. Во 15:30 бил најголемиот метеж, а веќе во 17:00 улиците биле празни.

Па, како изгледа работниот ден во Норвешка?

- Работниот ден трае 7,5 часа, но во реалноста повеќето работници работат 6-7 часа дневно.

- Речиси сите почнуваат со работа во 7 или 8 часот.

- Паузата за ручек е 30 минути, но секој час, Норвежаните можат да направат пауза за кафе.

- Доколку не се чувствувате добро и треба да одите на лекар, можете да земете 3 слободни платени денови. Во текот на годината, секој може да искористи 12 вакви денови. Повеќето Норвежани ги спојуваат со одморот.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-06.jpg

Децата сакаат да спијат на отворено, без разлика какво е времето

Во норвешките градинки, децата се оставаат да спијат надвор во количка, без разлика дали е ветровито, врнежливо или -10 степени.

Воспитувачките ги ставаат децата во количка после ручек и ги оставаат надвор да спијат.

Наводно, од ова има многу придобивки:

- Децата кои дишат свеж воздух имаат помал ризик од болести.

- Децата спијат подобро на свеж воздух.

- Имунитетот се зајакнува.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-07.jpg

Норвешки училишта

Во Норвешка, децата учат преку игра, особено во првите одделенија.

На пример, на часот по математика децата си играат „продавница“ и пресметуваат сметки. На англиски се облекуваат како разни ликови и глумат сцени на англиски јазик.

Ако детето живее далеку од училиштето, ќе му биде организиран превоз со такси или автобус.

Барем еднаш неделно, децата одат на прошетка во планините или во шумата. Овие патувања траат неколку часа, а неретко и цел ден.

Најверојатно најголем проблем кај норвешките училишта е недостатокот од храна, па децата мораат да си носат од дома.

najchudnite-fakti-za-norveshka-i-norvezhanite-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава