Хановер - град за кој малку се зборува, а може да ве воодушеви

Хановер, главниот град на германската провинција Долна Саксонија, сè уште не го исполни својот туристички потенцијал. 

hanover-grad-za-koj-malku-se-zboruva-a-moze-da-ve-voodusevi-01.jpg

И покрај тоа што не е на списокот на најпосакуваните градови, Хановер е вистински германски бисер и без метежот на туристите има уште поголем шарм. Што го прави овој град посебен?

Самиот центар на градот изгледа како типичен стар германски град. Густите куќи со фасади во германски стил ги опкружуваат тесни улици, премини и плоштади полни со кафулиња и продавници.

Идеално за лежерна прошетка и запознавање на градот со повремени паузи за кафе. Посетете го и плоштадот Кропке кој го добил името според кафулето што се отворило овде во 1869 година.

hanover-grad-za-koj-malku-se-zboruva-a-moze-da-ve-voodusevi06.jpg

Неговиот сопственик Вилхелм Кропке бил сакан и почитуван, па откако плоштадот и кафеаната биле уништени од војна, граѓаните решиле да го именуваат плоштадот Кропке.

hanover-grad-za-koj-malku-se-zboruva-a-moze-da-ve-voodusevi03.jpg

Вистинското откритие се градините Herrenhausen, што се состојат од градините Great Garden, Berggarten, Georgengarten и Welfengarten. Тие се една од најважните историски градини во Европа.

Germanski grad za koj malku se zboruva a moze da ve voodusevi 03

Прошетајте низ градините, посетете ја кралската палата и пронајдете го музејот, пештерата направена од Ники де Сент Фал и скриените детали од овие прекрасни градини.

Изграденo во почетокот на 20 век, новото градското собрание од кое нема да можете да го свртите погледот, е нешто што вреди да се посети. Ѕидовите се високи 40 метри со прекрасни скали од сите страни.

hanover-grad-za-koj-malku-se-zboruva-a-moze-da-ve-voodusevi01_1.jpg

Саботите се особено шарени и весели во Хановер. Покрај класичниот пазар, каде што можете да пробате разни германски и меѓународни специјалитети, постои и пазар на кој можете да пронајдете сѐ што сакате. Сместен е покрај реката Леина, во близина на палатата со истото име.

hanover-grad-za-koj-malku-se-zboruva-a-moze-da-ve-voodusevi04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg