Легендата за манастирот Заум и струите во Охридското Езеро + најубавите фотки оттаму


Легендата за манастирот Заум и струите во Охридското Езеро + најубавите фотки оттаму

На Охридското Езеро во близина на Трпејца се крие рајска убавина - плажа со кристално чиста вода и Манастирот Заум на крајбрежјето, за кој постои легенда заради која охриѓани ден-денес се внимателни во овој дел од езерото. 

legendata-za-manastirot-zaum-i-struite-vo-ohridskoto-ezero-najubavite-fotki-ottamu-01.jpg

„Св. Богородица Захумска“ или попозната како Заум е средновековна црква која се наоѓа веднаш на источниот брег од Охридското Езеро, во непосредна близина на селото Трпејца.

Сместена е во многу тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица, на самиот брег на Охридското Езеро, а дотаму се стига само по воден пат со чамец, а кога ќе стигнете - ќе бидете восхитени од природната убавина и богатство кое го имаме. 

legendata-za-manastirot-zaum-i-struite-vo-ohridskoto-ezero-najubavite-fotki-ottamu-02.jpg

Водата на Охридското Езеро во овој дел е кристално чиста, а многумина не пропуштаат да направат и фотка на познатата лулка. Сепак, и покрај тоа што искуството е магично и повеќето си поминале прекрасно, има и такви кои ја виделе малку пострашната страна на ова место.

Според многумина, станува збор за тоа што во овој дел, во одредени периоди има силни струења во водата, а езерото може да се разбрани и да предизвика несакани искуства. 

Во групата Патувања низ Македонија, луѓето ги споделија своите искуства кои беа поделени - некои стигале дотаму со педалинка од Трпејца, други пловеле со душек и немале никаков проблем, трети доаѓаат со кајче, а некои воопшто не успеале да стигнат дотаму во период кога езерото било разбрането и ги послушале советите од охриѓани. Сепак, доколку е сè во ред - вреди да се посети!

legendata-za-manastirot-zaum-i-struite-vo-ohridskoto-ezero-najubavite-fotki-ottamu-03.jpg

Легенда за манастирот Заум

За настанокот и изградбата на манастирот, како и за името на манастирот Заум, кај народот постои широко распространета легенда која е како предание, кое според Марко Цепенков го знаеле сите охриѓани.

Според легендата, многу луѓе се обидувале да ja измерат длабочината на Охридското Езеро, но никој не успевал да стигне до дното.

Некоја жена, која била царица, три години предела конец и заминала со чамец на сред езерото за да ја измери неговата длабочина. Но, наеднаш мирното и тивко езеро како да сакало да ја одврати во намерата, та се разбеснило и разбранило со бранови високи како планини кои се заканувале да го превртат и потопат чамецот на царицата и нејзината придружба.

Царицата се уплашила и паднала на коленици да се моли на Бога да ја избави од разулавеното езеро, ветувајќи дека ќе изгради манастир на местото на кое што ќе ја избави од езерото.

Штом го дала тоа ветување, брановите започнале да се намалуваат и езерото да се смирува, со што жената довеслала до брегот, каде рекла: „Е уште еднаш ЗА УМ нека ми биде ова, што ми требаше да го мерам езерото“ и дала заповед на тоа место да се направи еден манастир кој го нарекла Заум, поради големиот страв што го преживеала така да го гледа и да памети оти ќе се удавела.

Преданието вели, дека манастирот стои на брегот под стрмните карпи кај најдлабокиот дел од езерото „за ум“ на секој човек што ќе оди таму да се чува и да не влегува во него.

На следната страна фотки од ова прекрасно место...



Би можело да ве интересира:

Убавините на Македонија: на одмор на Дебарско Езеро (фото) Едно од помалку популарните езера во земјава е Дебарското Езеро или Шпиље во зап...
10-те најубави глетки креирани од снег и мраз Уживате во зимата? Дури и да не сте страсен љубител на ладното време, постојат м...
И во Србија постои розово езеро (фото) Оваа не е ниту Мексико, ниту Сенегал... Многу блиску до Македонија постои розово...

Најчитани неделава