Прекрасен поглед, највкусна риба: Радожда - едно од најубавите села на Охридското Езеро (фото)

На западниот брег на Охридското Езеро, на 725m надморска височина, сместено е едно од најубавите рибарски села во Македонија, Радожда.

prekrasen-pogled-najvkusna-riba-radozda-edno-od-najubavite-sela-na-ohridskoto-ezero-foto-01.jpg

Со должина од околу 1km покрај брегот, во Радожда има комбинација од стари, но и модерни нови куќи.

Пишани документи за Радожда има од околу 1342-та година.

Високо во карпите при самиот влез во селото се наоѓа пештерската црква Св.Архангел Михаил. Храмот е буквално сметен во природна пештера. Од овде го има најубавиот поглед на Охридското Езеро.

Над самото село има зачуван дел од патот Виа Игнација – околу 100m, а селаните го знаат како калдрма.

Едни од најубавите рибни ресторани се сместени токму во Радожда. Ако сакате свежа пастрмка, крап или клен, задолжително испланирајте ручек во некој од рестораните покрај брегот.

Мир, спокој и тишина, чист воздух и прекрасен поглед на езерото...

Погледнете некои од најубавите фотки на Инстаграм од Радожда:

Прочитајте и: Сливница во Ресен – место каде што фотките на плажа се вистинска магија (фото)

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите дестинации во Европа за 2025 (ако завршивте со класични летни одмори) Монако е прв на листата за најубави европски дестинации за 2025, но тука се и Ис...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Не е Тоскана, скопско Ајватовци е (фото) И ние го имаме Ајватовци и совршен поглед, како во Тоскана, до каде очите ни доп...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава