Природна реткост: Бислимска Клисура (Бислим) – мало парче рај каде што царува тишината (фото)

Во непосредна близина, на само 5 km од Куманово, низводно од вливот на Кумановка во Пчиња, природата ја формирала прекрасната Бислимска Клисура.

Bislimska-Klisura-01.jpg

Бислимската Клисура е мала клисура, долга околу 7 km, но дури и на оваа кратка должина што да се види. Народски, овој простор е познат едноставно како „Бислим“ и веднаш асоцира на каменлив и мистериозен простор каде што ретко кој стапнува или поминува.

Всечена е во варовнички карпи со јурска старост. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални косини, така што на некои места наликува на кањон. Над каменоломот (Краста) можат да се видат и неколку вртачи – единствени од таков вид во кумановско. За нивното создавање биле потребни илјадници години во кои атмосферските врнежи го растворале варовникот и формирале вдлабнатини.

Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 м. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 m), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 m.

Кога реката не е премногу надојдена и предлабока, може да се премине за да се види убавиот Лишков пештер, можеби најбогатиот објект со пештерски накит во Бислимската Клисура и воопшто во Кумановскиот крај.

Дали сте ја посетиле Бислимската Клисура? Мало парче рај каде што царува тишината:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...

Најчитани неделава