Одвиткани спомени од патувања и носталгија спрема некогашната нормалност


Одвиткани спомени од патувања и носталгија спрема некогашната нормалност

Ги сакам оние моменти кога ќе се најдеш на некое место кое ќе ти отвори толку многу спомени или едноставно ќе те натера да се вкопаш во земја и да се загледаш во призорот пред тебе.

odvitkatni spomeni od patuvanja i nostalgija sprema nekogashanta normalnost 1

Пред неколку дена решив да ги средам и селектирам фотографиите од патувањата, кои само ми ги размотаа спомените, без да успеам до крај да ја завршам работа.

Секоја локација си носи посебна тежина и сензации, но ништо не може да ги замени оние од селото Јачинце, каде воедно имаме и семејна викендичка. Додека одев во училиште летните распусти ги минував таму.

Знаев со недели да седам во друштво на баба ми и дедо ми пред да се вратам во Куманово на неколку дена. И тогаш, а и денес на улица се разминувам со фиќото на чичко Мирче, само што сега носталгијата спрема детството е многу погласна од зарипнатото брмчење на автомобилот.

https://www.instagram.com/p/B5lRAuEHNAx/

Еве уште едно делче од сложувалка на спомените од минатото. Имав некои пријатели од Германија, па решив да се ставам во улога на туристички водич и после Скопје, сите заедно заминавме во Охрид на неколку дена. Посебно е чувството кога ги водиш низ тесните улички во стариот дел на Охрид, сакајќи да го доловиш најубавото.

После нивната посета, имав луфта од неколку дена, па знам дека го спакував ранецот и со пасош в рака заминав на една кратка тура низ Србија. Без грижа дека после неколку месеци коронавирусот ќе го смени изгледот на светот.

И повторно нешто слично… Тука како деноноќно да се рецитира поезија, ако погледнеш од друг агол веднаш ќе сфатиш дека тоа е уличката со спомен куќата на Кочо Рачин.

Можеби не секогаш, ама во најголем број случаи, по некој склоп на околности ќе се најдам на оваа место и како да постои некое непишано правило во себе почнувам да ја рецитирам „Денови“.

Не можам да го завршам текстот, ако барем на едно место не го споменам моето Куманово. Имаше период кога имаше доста странски волонтери кои живееја во тука, некои само на три-четири недели, а имаше и од оние кои остануваа многу повеќе.

Кровот на зградата на поранешниот „Жито-мел“ често беше збирно место за гледање на зајдисонце, иако имаш осет дека се наоѓаш во некој постапокалиптичен свет, кога ќе го видиш Куманово одозгора ти се менува целото доживувања. Какво е, такво е. Не е фер, а да не го почитуваш.

Кога ќе се споменат фестивали и концерти, остануваме со позатворена усте. Лани речиси сè беше откажано, а ова лето остануваме да видиме што ќе нè снајде.

Кога веќе се присетуваме ќе го споменеме и кампот на Д Фестивал. Дружба, музика и пиво… Што повеќе ни треба за да си поминеме одлично неколку дена?

И како за крај ќе ја наведам Трпејца – омилена дестинација на многумина. Последен пат бев лани летоска, па преку ден едвај и да најдовме слободно место.

Иако бевме сместени во центарот на Охрид, атмосферата што се привлекува низ ноќта е создадена за вадење на сета креативност од себе. Секако, ако имаш трпение.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ фотки: 20 причини да го посетите Златибор во зима Златибор важи за едно од најбајковитите места во Србија, кое има многу што да по...
„Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“ Од утринското кафе на цветните платформи од ресторанчињата и плажата која ја има...
Додека Ерусалим се моли, Тел Авив игра - Првата станица од патешествието на Блискиот Исток Пред само неколку недели, додека стоев во својата соба расфрлана со работи за па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg