„Бев во кратовско село за кое дедо ми ми раскажуваше дека е со остатоци од антички град – што се крие таму?“


„Бев во кратовско село за кое дедо ми ми раскажуваше дека е со остатоци од антички град – што се крие таму?“

Често ни се случува да патуваме на други краеви од земјава, а да не провериме што се наоѓа во нашата непосредна близина. Иако најголемиот дел од детството и годините што следуваа ги поминав во семејната викендичка во село Јачинце, дури пред три-четири години го посетив Коњух. На само десеттина километри се наоѓа кратовското село, кое се протега на левата страна на Крива Река.

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 10

Тоа неделно утро, бевме ограничени со време, а исполнети со желба да се тркне до некаде. Се качивме во автомобил и со уште двајца пријатели решивме да одиме кај не води патот.

Така и се најдовме таму. До селото Коњух може да се стигне од Кратово или во овој случај, преку селата Јачинце, Довезенце...

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 6

Село како село не е ништо посебно, запустено е, како и многу други села во Македонија. Има вулкански карпи расфрлани наоколу, кои штом се искачиш на нив ти даваат една прекрасна слика на хоризонтот од каде произлегува мир и спокојство.

Доволно е што седиш таму да за можеш да се ослободиш од пакосните мисли. И тогаш, додека седев крснозе се сетив на приказните што ми ги раскажуваше дедо ми дека целата таа површина се всушност остатоци од антички град.

Историчарите сметаат дека во тоа подрачје, од доцниот период на Римското царство, имало град кој претставувал дом на воени ветерани до римските и византиските војски. Локалитетот Градиште сведочи за тоа.

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 2

Тоа ми беше доста примамлива одредница од краткото патување. Иако неколкупати го имав видено дотогаш, секогаш ми е интересно да „мислам дека се наоѓам“ на некогашен град-тврдина.

Фантазијата секогаш ми работи турбо во слични моменти. Тркалезната базилика – ротонда уште повеќе ги зацврстува темелите на тоа што се пренесува од генерација на генерација.

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 5

Овој археолошки локалитет, мислам на ротондата во Коњух, им го привлекува вниманието на оние кои сакаат да се запознаат со она што некогаш постоело на овие простори.

Се вели дека зданието датира од 6 век, кога владеење царот Јустинијан I.

Од друга страна тука се наоѓа и Цоцев Камен, мегалитска опсерваторија, многу блиску до селото Коњух, така ако се одлучите да го посетите местото имате да видите неколку работи.

Веројатно ќе ја забележите оваа вулканска карпа, се издвојува од самата околина и претставува поим за себе.

Она што дознав е дека со месечевите нишани, кои се поставени околу Цоцев Камен се следело изгревањето на Сонцето и благодарение на тоа, мештаните можеле да креираат сончев календар…

Во секој случај, околината е одлична за прошетка од неколку часа кога временските услови ќе го дозволат тоа.

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 8

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 8

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 8

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 8

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 8

vo blizina na kratovskoto selo konjuh arheoloski lokalitet gradiste i megalitska opservatorija cocev kamen 8

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои може да ве убијат на Исланд Плажите со црн песок се магични, но ненадеен бран може да ве повлече кон ледено ...
7 работи кои не смеете да ги правите кога сте во Грција Како и во секоја друга земја, така и во Грција постојат правила кои не смеат да ...
Работи кои секогаш треба да ви бидат спакувани во рачниот багаж кога патувате со авион Независно дали одите на краток или долг лет, секогаш ви се потребни неколку пред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg