Ретка лековита убавина која треба да си ја цениме и чуваме – Караниколичко Езеро (Голем Ѓол) на Шар Планина (фото)

Караниколичко езеро или Голем Ѓол е првото и најголемо езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е природно, ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2300 m надморска височина. Од него истекува Караниколска Река.

Karanikolichko-Ezero-na-Shar-Planina-01.jpg

Езерото е долго 590 m, а широко 115 m. Вкупниот обем изнесува 675 m и има површина од 26.240 m2. Длабоко е 5,60 m. Се карактеризира со елипсовиден облик издолжен во правец од север кон југ.

Поради длабочината, езерото има темносина и зеленкаста боја. Во минатото, познатиот југословенски научник и алпинист, а пред сè голем љубител на Шара, Душан Кривокапиќ, испратил примероци на водата до Републичкиот хигиенски завод.

Испитувањата покажале дека водата на Караниколичкото Езеро има вредност под 7,0 pH, а ова го прави единственото езеро во Македонија и едно од неколкуте на Балканот со таква ретка вредност.

Во тетовскиот крај, а особено жителите на селата Вешала и Бозовце, водата ја сметаат за лековита која лекува ревматизам и очни заболувања.

Најупорните коишто ќе успеат да стигнат до Голем Ѓол ќе бидат наградени со овие неверојатни глетки:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава