Serbia open office: Патувајте и земете ја канцеларијата со себе


Serbia open office: Патувајте и земете ја канцеларијата со себе

На дигиталните номади кои одамна ја познаваат Србија и многу добро ја оценија, во последниве месеци, им се придружија вработените од многуте области. Онлајн тренери, инструктори, преведувачи, архитекти...

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-01.jpgPredrag Vuckovic - Kucica na Drini

Сите тие работата ја носат со себе, во својот компјутер. Потребен им е добар интернет за да работат. А за да се инспирираат и придвижат потребно им е повеќе…

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-02.jpgPredrag Vuckovic - Beograd

Добра енергија, отворени музеи, градски живот крај река. Некои сакаат планински воздух, шума под прозорецот. Тука се и оние кои уживаат во поглед на река, лековити води или селско будење и вистински српски појадок за почеток на работниот ден.

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-03.jpgSlava Micic - Lifestyle

Сето тоа во еден пакет го нуди Србија. „Serbia open office” подразбира добредојде за сите работници на далечина ширум светот. Тие треба да изберат во каков простор ќе ја сместат својата виртуелна канцеларија, и како ќе го поминат времето после работата. Хотелите, апартманите, вилите, салашите и рестораните во Србија нудат најразлични пакети.

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-05.jpgDragan Vildovic - Vinograd

„Новите номади” на едно место остануваат најмалку еден месец. За тоа време, освен што ќе ја дополнат енергијата за своите редовни обврски, ќе можат да ја запознаат Србија.

Без разлика дали ќе го изберат Белград, со сите привилегии што ги нуди метрополата, или некој помал град во Србија, по работното време тие ќе можат да се запознаат со историските споменици, културните настани и секојдневниот живот на локалното население.

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-06.jpgV.Velickovic - Novi Sad - Dobijeno od Novi Sad Euro Capital of Culture

Бројните хотели на планините, во бањите, подготвени се да се натпреваруваат со градската понуда. Ним им одат во прилог тишината, мирот, но и авантурата, природата и активното попладне.

И руралниот туризам не е без искуство со дигиталните номади, а ни без добри понуди. Доколку будилникот сте го замениле со петел, градската врева, со звуците на ливадите и пасиштата, а брзата храна, со најдобрите домашни специјалитети, тогаш нашето село е вистинско место за Вашата нова канцеларија.

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-08.jpgStefan Kondic - Rtanj

Новата форма на туризам, во светот позната како „workation” последниве месеци ја препознаа бројните земји и многуте патници. Туристичката организација на Србија заедно со Хорека се обидува да ги спои сите оние кои својата канцеларија можат да ја понесат со себе и да ја сместат на простор кој сами ќе го изберат, со оние кои можат да понудат пријатни услови за работа, но и препорака за содржините по работата.

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-10.jpgPredrag Vuckovic - Kalemegdan

Понудата е шаренолика, услугата е подготвена, а туристите од целиот свет чекаат да ја запознаат „Serbia open office”, повеќе од работа. Најдоброто уживање.

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-008.jpg

serbia-open-office-patuvajte-i-zemete-ja-kancelarijata-so-sebe-009.jpg

За повеќе информации посетете ја веб страната: www.serbia.travel 

Би можело да ве интересира:

И во Србија постои розово езеро (фото) Оваа не е ниту Мексико, ниту Сенегал... Многу блиску до Македонија постои розово...
Aктивен одмор: Србија – позната дестинација, ново искуство Вљубеник сте во природата и непрегледните пространства на недопрената природа се...
Бистри брегови, шарени чадори: Плажите ширум светот гледани одозгора (фото) Греј Малин сосема случајно направил воздушна фотографија од базен гледајќи од пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg