Топ 10 плажи во Грција со природна сенка


Топ 10 плажи во Грција со природна сенка

Можеби ќе се изненадите, но не сите луѓе сакаат долги песочни плажи без една сенка под која може да се разладат од сонцето.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-001.jpg

Многумина ја сакаат природната сенка, ладовинка под дрво и звукот на природата.

Ако и вие сте за ова сценарио, издвојуваме топ 10 плажи во Грција кои имаат природна сенка:

1. Lagomandra, Ситонија

Спаѓа во топ 5-те плажи на Ситонија, а е сместена во борова шума, 7 километри северно од Неос Мармарас.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-1.jpg

2. Koukounaries, Скијатос

Во превод самото име на плажата значи „шишарка“ и е една од најубавите плажи на Скијатос, позната по белиот ситен песок и боровата шума.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-2.jpg

3. Pahis, Тасос

Плажата е покриена со ситен песок, а морето е плитко, што ја прави одличен избор за летување со дечиња.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-3.jpg

4. Foki, Кефалонија

На само 1,5 километри од местото Fiskardo, Foki плажата не е претерано организирана и е идеална за оние кои сакаат мир и ладовинка.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-4.jpg

5. Platani, Ставрос

Самото место Ставрос е прочуено како недопрена убавина, а Stavros Platani плажата ја препорачуваат сите бидејќи има дел со чадори и лежалки, но има и див дел каде може да поставите пешкир.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-5.jpg

6. Dei, Сивота

Плажата е недалеку од местото Сивота, на само 2 километри, а е со ситни камчиња, мирна и покриена со природни сенки.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-6.jpg

7. Desimi, Лефкада

Недалеку од Нидри, на само 6 километри, се наоѓа камчестата плажа Desimi, опкружена со голем камп низ кој мора да поминете за да стигнете до делот со таверни и куќички.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-7.jpg

8. Porto Limnionas, Закинтос

Уште еднаш, боровата шума само ја надополнува тиркизната убавина на морето и белиот песок.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-8.jpg

9. Kastani, Скопелос

Најшуместото грчко островче Скопелос е останато како недопрено од човечката рака. На оваа плажа Kastani се снимани и делови од филмот Mamma Mia.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-9.jpg

10. Agioi Saranta, Пелион

Високите карпи зад плажата формираат идеална сенка под која може да избегате кога сонцето ќе стане прежешко.

top-10-plazi-vo-grcija-so-prirodna-senka-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 8 места за летување и плажи во околината на Солун Еднодневното патување за шопинг во Солун претворете го во еднодневно или викенд ...
Топ 10 најдобри градови за шопинг Секоја година, читателите на магазинот Travel + Leisure одбираат најдобри места ...
Топ 10 најубави божиќни пазари во Европа за 2019-та Новогодишно украсени куќички, многу светилки по улиците, мирис на вкусна храна и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg