Кои се 3-те најбезбедни плажи во Грција за лето 2021?

Лефкада, Превеза и Крф се местата кои според European Best Destinations се најбезбедни со оглед на пандемијата, како и зошто токму тие?

koi-se-3-te-najbezbedni-plazhi-vo-grcija-za-leto-2021-01.jpg

Предолг период поминавме дома и на сите ни е потребна оддишка и бегство од тешката ситуација, но сепак, многумина сакаат да се држат до сигурна варијанта и да не ризикуваат.

За таа цел, European Best Destinations направи листа на најбезбедни плажи во Европа, а 3 од нив се наоѓаат во Грција.

Дестинациите се избрани врз база на различни критериуми како мал број на новозаболени случаи во моментот на пишување на статијата (што сепак може да биде променливо зависно од периодот), но и во текот на целата пандемија, како и врз база на преземени мерки за безбедност од властите, голем избор на сместувања во кои се почитуваат здравствените протоколи каде патниците би биле безбедни, но и каде се почитуваат мерките за социјална дистанца.

Секако, сите овие работи може да бидат променливи и не треба да се земаат „здраво за готово“, но добро е да ги имате на ум овие дестинации како безбедни, а пред патување, можете дополнително да проверите дали уште важат за такви.

Станува збор за:

Егремни, Лефкада

Сместена на еден од најубавите грчки острови, Лефкада, плажата Егремни е вистински рај. Треба да се земе предвид дека нема барови и ресторани, па пожелно е да одите подготвени. Уживањето е загарантирано.

koi-se-3-te-najbezbedni-plazhi-vo-grcija-za-leto-2021-04.jpg

Monolithi, Превеза

Главната плажа на Превеза е долга 22km па не треба да се грижите дали ќе има доволно место за вас без притоа некој да ви дише во врат додека уживате во заслуженото време поминато на море.

koi-se-3-te-najbezbedni-plazhi-vo-grcija-za-leto-2021-03.jpg

Halikounas, Крф

Крф е еден од најзелените грчки острови кој изобилува со флора и фауна, а прекрасните плажи се само уште едно богатство со кое располага островот. Повеќето жители на грчките острови се вакцинирани, а во сместувањата и рестораните се преземаат сите потребни мерки за заштита. Дива и со должина од 3km, оваа плажа е идеална за уживање со социјална дистанца.

koi-se-3-te-najbezbedni-plazhi-vo-grcija-za-leto-2021-02.jpg

Целосната листа со најбезбедни плажи во Европа за 2021 погледнете ја ТУКА

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кои места во Грција е најтопло морето во јуни? Сакате да одите на одмор во јуни, но не знаете дали е морето доволно топло за пл...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg