Место кое мора да се посети: „Нè измачи кривулестиот пат до Галичник, но таму нè дочека исконска убавина“


Место кое мора да се посети: „Нè измачи кривулестиот пат до Галичник, но таму нè дочека исконска убавина“

Кога престојуваш во Маврово на ден-два во близина на браната сакаш да посетиш што е можно повеќе места. Од Дуфски Водопад, до манастирот свети Јован Бигорски, па сè до селото Јанче, Ростуше и секако, единствениот, Галичник.

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 2

Ова село кое се наоѓа на падината на планината Бистра, а воедно се смета и за едно од најстарите села каде што живееле Мијаците, со својата исконска сила успева да ги обединува сите оние кои се родени или барем некој дел од животот живееле таму.

Ова го знам од кажувањата на баба му на еден пријател, кој со толкава носталгичност се сеќаваше на младоста поминати во селото каде спокојството е неразделен поим.

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 8

Тој ден, возевме по кривиот пат, но кога по половина час се најдовме на добро познатиот пат за Галичник, сите надворешни фактори што ни сметаа како да се повлекоа.

Дивиот и тесниот пат, како и секогаш беше расположен да ги прими сите посетители и да им даде една посебна убавина, што ретко каде може да се види во Македонија.

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 7

И ние се паркиравме и попешачивме по асфалтот, кој ги впиваше сите човечки приказни. Покрај патот имаше паркирано над десетина автомобили и луѓе кои истрајно се трудеа да направат што е можно поубави фотографии. Некои се сликаа како седат на патот, другите како скокаат во воздух, а ги имаше и оние кои со грбот свртени спрема објективот чекореа со крената глава.

Кога завршивме со ова се искачивме на еден рид, гледајќи во врвовите на кои сè уште имаше снег. По речиси саат време поминати таму, го продолживме патот и можам да кажам дека она што се испречи пред моите очи не можам да го објаснам со зборови. Погледот може само да се доживее на лице места.

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 4

Пред влезот на самото село ја начнавме темата за етимологијата на името, еден од пријателите рече дека името Галичник, всушност е изведено од името Галик, а втората верзија е дека потекнува од галици – дивите кокошки. По тоа немавме многу време за дискусија, се паркиравме на малиот паркинг кај црквата „Свети Петар и Павле“ и почнавме со истражување на селото.

Одевме по уличките, преплетени во специфичната варијанта на планинска куќа, која приспособена за условите опстојуваат со децении. По пат се напивме и вода од чешмите, која ни ја згаснаа жедта и се упативме спрема некое ресторанче за да го дегустираме овчиот кашкавал, сирење и киселото млеко.

За жал, во гостинската куќа „Неда“ немаше место, сè беше резервирано уште пред две недели, па моравме да се задоволиме со некои алтернативни одлуки.

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 6

Колку што можевме го истраживме селото врз кое имало обиди за исламизирање на населението, каде за време на Балканските војни овчарството било доведено во криза, каде мажите нагло почнале да заминуваат на печалба во странство… Поминавме неколку часа, восприемајќи колку што е можно повеќе од селото.

Додека се возевме во автомобилот, на самиот излез од селото, си реков во себе дека ќе го посетам Галичник на Петровден, втората недела од јули кога се случува Галичката свадба. Сигурно е посебно доживување, со многу обичаи ставени на виделина: слушање на зурли и тапани, играње на орото на печалбарите, луѓе облечени во галичка носија, гледање како невестата меси леб, а младоженецот го бричат… По неколку децении, овој традиционален настан треба да се посети барем еднаш во животот.

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 10

Денес, Галичник има улога на туристичка дестинација, со посетителите кои доаѓаат од мај до октомври. Дури и мештаните не живеат повеќе тука, тука нивните селски куќи им служат како викендички во летниот период. Но, затоа природата засекогаш ќе остане иста – недопрена и чиста, а истовремено и волшебна!

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 3

nezamenliviot galicnik selo koe treba da se poseti barem ednash vo zivotot 3

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е.Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порано биле канибали, денес не смеете да носите очила и шапки: 11 факти за животот на Фиџи Членовите на владата на Фиџи за некои официјални приеми облекуваат здолништа, а ...
Најстрашните чуда на природата: Mеста што ќе ги исплашат дури и најхрабрите Како што природата создадала убави работи во кои уживаме секој ден, така создала...
„Од скопските горештини избегав на Матка – си замислив желба со раката на манастирот, имаше велосипе... Матка ми е едно од најубавите места во моето Скопје и секогаш кога имам странци ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg