Стогово – недопрена убавина со „алпски пасишта“, место каде ќе пронајдете мир (фото)

Стогово е млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза. За време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со глацијација и денес на неа се јавува глацијален (леднички) релјеф како циркови, валови и морени. Во цирковите се јавуваат три леднички езера: Горно и Долно Езеро и езерото Маруша.

Stogovo-mesto-kade-ke-pronajdete-mir-01.jpg

Стогово е лоцирано во западниот дел на Македонија. Највисоки врвови се Голем Рид на 2278 метри надморска височина и Бабин Срт на 2242 метри надморска височина.

Овде природата е скоро недопрена поради тоа што во близина нема население, а и не се посетува често од планинарите.

Планината Стогово се наоѓа меѓу долината на Црн Дрим на запад и Сатеска од исток. На север и исток Стогово се надоврзува со планината Бистра, а на југ преку врвот Бабин Срт (2242 метри надморска височина) се надоврзува на планината Караорман.

Застапени се листопадните букови и дабови шуми, а кон врвот тие има борови, зимзелени шуми. Самите каменести врвови се опкружени со високотревни пасишта познати под името „алпски пасишта“.

Зарем има поубава земја од нашата Македонија? Погледнете го волшебното Стогово, чиста, недопрена убавина како капка:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...
На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
Ова не е ниту Хрватска, ниту Франција, ниту Словенија - Охрид е! (вирално видео што освестува) Не е ниту Хрватска, ниту Австрија, ниту Италија, ниту Словенија, ниту Франција, ...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава