Српска инфлуенсерка воодушевена од нашиот бисер: „Охрид мора да се види барем еднаш во животот“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Српска инфлуенсерка воодушевена од нашиот бисер: „Охрид мора да се види барем еднаш во животот“

„Во Охрид сум била пред десетина години, но начинот на кој сега го доживеав и приказните што ги слушнав за него се сосема поинакви... Охрид е Ерусалим на Европа.“, раскажува Јована Квржиќ од Србија, која со години веќе патува низ светот и на совршен начин ги доловува посетените дестинации.

srpska-influenserka-voodushevena-ohrid-ohrid-mora-da-se-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-01.jpg

Јована Квржиќ е Србинка која со години патува низ светот и ја претставува убавината на посетените дестинации на својот Инстаграм профил со повеќе од 85.000 следбеници.

Деновиве таа престојува во Охрид и оттаму споделува впечатоци:

„Охридското Езеро го викаат македонско море и поради неговата големина токму така и се чувствувате, дури и мирисот е морски. Тоа е едно од најдлабоките езера во цела Европа, а во некои делови длабочината достигнува и до 300 метри. Старо е околу 5 милиони години и е единствена локација која е под заштита на УНЕСКО. Од таа причини сега речиси и да не можете да видите лежалка или некаква конструкција на неговиот брег.

srpska-influenserka-voodushevena-ohrid-ohrid-mora-da-se-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-05.jpg

Се наоѓа на 700 метри надморска височина и има одлична клима. Летата не се претопли, зимите не се престудени. Ме зачуди колку е пријатна температурата на водата, би рекла околу 25/26 степени, совршено за пливање.

srpska-influenserka-voodushevena-ohrid-ohrid-mora-da-se-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-16.jpg

Во Охрид сум била пред десетина години, но начинот на кој сега го доживеав и приказните што ги слушнав за него се сосема поинакви.

srpska-influenserka-voodushevena-ohrid-ohrid-mora-da-se-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-12.jpg

Охрид е Ерусалим на Европа. Затоа што во еден миг имал 365 цркви, по една за секој ден.

srpska-influenserka-voodushevena-ohrid-ohrid-mora-da-se-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-13.jpg

Музеј на отворено. Бидејќи мештаните не сакаат да ги реновираат своите куќи каде и да се стави лопата се пронаоѓа нешто од историска вредност, што може да значи дека ќе треба да се преселат.

srpska-influenserka-voodushevena-ohrid-ohrid-mora-da-se-vidi-barem-ednash-vo-zhivotot-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

7-те најубави плажи во Охрид и околината Охридското Езеро е нешто што најдобро би се опишало како „светско, а наше.“ Со ц...
Хрватка која летово го шетала Охрид: 8 причини зошто и вие да го посетите овој бисер на Македонија Понекогаш забораваме да го цениме она што е наше, па таква е ситуацијата и со ма...
„Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“ Од утринското кафе на цветните платформи од ресторанчињата и плажата која ја има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg