„Балканскиот Ерусалим“ – бугарскиот манастир Рила е божествена убавина која секој треба да ја види еднаш во животот (фото)

Рилски манастир е најголемиот и најстар православен манастир на Балканот. Наречен уште и „Балканскиот Ерусалим“, манастирот е лоциран во југозападниот дел од планината рила во Бугарија, на надморска висина од 1.147 m, на влезот на реките Друшлевица и Рилска. Основан е во текот на 10 век, од страна на првиот бугарски монах-пустиник Јован Рилски.

Bugarskiot-Erusalim-Rilskiot-manastir-01.jpg

Од Софија е оддалечен околу 117 km, што значи дека прилично брзо може да стигнете до него. Овој скриен бисер на Балканот, колевка и столб на бугарскиот дух и народност има бројни признанија за културната и уметничката вредност.

Уништен од пожар на почетокот на 19 век, комплексот бил повторно изграден помеѓу 1834 и 1862 година. Од 1961 година, Рилскиот манастир е претворен во Национален музеј, а УНЕСКО го прогласил целиот комплекс за споменик на културата од светско значење.

Интересно е што манастирот е прикажан на бугарската банкнота од 1 лев.

Ова свето место мора да го посетите барем еднаш во животот и да го почувствувате мирот и спокојот.

Некои места дишат со богата историја, Рилскиот манастир е несомнено едно од нив:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Топ 7 најубави плажи во Бугарија - ќе ве изненадат со својата убавина Иако многумина не би го одбрале Црното Море за летување, сепак некои плажи на бу...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg