5 места во Истанбул за совршени Инстаграм фотки – мора да ги посетите

По цена од околу 400 денари, можете да си направите професионална фотосесија во студиото Taht кое е сместено на покрив од зграда и нуди прекрасен поглед над градот.

5-mesta-vo-istanbul-za-sovrsheni-instagram-fotki-mora-da-gi-posetite-01.jpg

Истанбул е огромен град со богата култура и историја, па навистина има што да се види во него.

Сепак, покрај познатите знаменитости како Аја Софија и Капали чаршија, градот крие и многу други уникатни места кои можат да бидат совршена локација за вашите Инстаграм фотки.

Во продолжение пет вакви места кои вреди да ги видите:

Ресторанот Seven Hill

Сместен речиси веднаш до Аја Софија (Света Софија) и Сина џамија, овој ресторан нуди прекрасен поглед на познатите градби.

Покрај одличните фотки што ќе ги направите овде, можете да уживате и во богатото мени кое нуди многу традиционални јадења.

Taht

Ако една од главните цели во Истанбул ви е да направите волшебни фотки, мора да го посетите студиото Taht. Студиото за фотографирање се наоѓа на покрив на зграда и нуди неверојатен поглед кон градот.

Покрај тоа, можете да си направите и разни фотосесии инспирирани од турската традиција и култура, како и фотосесија во неколку разилчни уникатни студија. За ова ќе треба да одвоите 100-тина турски лири (околу 400 денари).

Balat

Balat е соседство во Турција познато по живописните градби и шарените скалила. Па, јасно е дека овде можете да направите одлични фотографии.

Дворецот Долмабахче (Dolmabahçe Sarayı)

Овој дворец чија изградба завршила во 1856 година денес служи како музеј. Во поголемиот дел од внатрешноста на дворецот не смеете да се фотографирате, но екстериерот изгледа неверојатно и е одлична локација за фотографирање.

Улицата Hoca Tahsin

Позната како улица на чадорите, оваа улица е препознатлива по токму тоа – чадорите што се закачени над неа.

За добра фотографија на оваа улица нема да треба да се трудите многу бидејќи самите чадори создаваат волшебна атмосфера.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg