20 плажи во Европа кои вреди да ги посетите во 2022

Ile de Porquerolles, Франција

Ова е всушност островче во Франција со површина од 12-тина километри квадратни.

Островчето изгледа прекрасно, има богата вегетација и, секако плажи со бел песок.

Бидејќи е мало, лесно ќе можете да ги прошетате сите плажи.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-12.jpg

Rauðasandur, Исланд

Ова е огромна и практично празна плажа со песок со бронзена боја. Не е најпогодна за пливање и сончање, но кога ќе ја видите во живо, ќе сфатите дека вреди барем да прошетате низ неа.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-13.jpg

Praia as Catedrais, Шпанија

Оваа плажа неретко е нарекувана и „Катедрала“ поради формациите на околните карпи кои изгледаат како кули и имаат мали пештери.

Препорачливо е да ја посетите за време на осека, кога златните песоци се целосно откриени.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-14.jpg

Свети Стефан, Црна Гора

Познато како едно од најлуксузните летувалишта на Јадранот, Свети Стефан е островче во близина на Будва.

Овде доминираат хотелите, па островот е нарекуван и „град-хотел“. Во околината има неколку плажи, а која и да ја посетите, нема да погрешите. 

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-15.jpg

Lara Beach, Кипар

Можеби не е едноставно да се стигне до оваа затскриена плажа во Кипар, но навистина вреди да ја видите ако имате можност.

Патот до плажата е нерамен и веројатно ќе ви треба теренско возило, но плажата е речиси недопрена од луѓе и нема да ве остави разочарани.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-16.jpg

Zlatni Rat, Хрватска

Како една од најпознатите плажи во Хрватска, Zlatni Rat е речиси постојано полна.

Со својот уникатен изглед, привлекува бројни туристи во летната сезона, па ако имате можност, осигурете се дека ќе ја видите.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-17.jpg

Dueodde, Данска

Можеби Данска не е дестинација што би ја одбрале за летување, но ако некогаш се најдете таму, вреди да ја посетите оваа плажа.

Ако сакате самотија и прошетки по плажа, ова е совршена дестинација за вас.

А, бидејќи одоколу речиси и да нема ништо, плажата изгледа уште подобро навечер кога е осветлена само од ѕвездите и светилникот во близина.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-18.jpg

Keem Bay, Ирска

Околните зелени полиња, надреалниот див пејзаж и околните стрмни карпи се нешто што вреди да се доживее.

И ова не е погодно место за капење, но ако имате среќа, можно е да забележите и по некоја ајкула.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-19.jpg

Myrtos Beach, Кефалонија

Ова е една од поубавите грчки плажи и се наоѓа на Кефалонија, Грција. Сместена е помеѓу високи карпи и изгледа како да е целосно изолирана од остатокот од островот.

Покрај тоа, речиси белиот песок и тиркизната вода ја прават една од најпопуларните дестинации во летната сезона.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-20.jpg

Spiaggia dei Conigli, Сицилија

Сицилија крие многу прекрасни плажи, но речиси ништо не се споредува со оваа.

Песокот има бела боја, а водата е многу плитка, што значи ова е совршено место ако не знаете да пливате или одите со мали деца.

До плажата може да се стигне само со брод или пеш, но целото искуство вреди.

20-plazhi-vo-evropa-koi-vredi-da-gi-istrazhite-21.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg