Не е за клаустофобични – живот под карпи во мистичен град во Шпанија (фото)

Сместен на половина пат помеѓу Севиља и Малага, Сетенил де лас Бодегас е еден од највпечатливите градови на Медитеранот, познат по своите исклучително бели куќи изградени во стрмни карпи.

Zivot-pod-karpi-vo-Shpanija-01.jpg

Брои само неколку илјади жители, а до него се стигнува по патишта кои минуваат низ регионот на Андалузија со потенцијално најубавата природа, често засенета од прекумерната градба во овој туристички регион на југот на Шпанија.

Сетенил е еден од таканаречените „бели гратчиња/селца“ (pueblos blancos) на Андалузија, како блиските Захара де ла Сиера и Аркос де ла Фронтере, но секако е најхаризматичен и треба да се најде на вашиот список на места кои мора да ги посетите барем еднаш во животот.

Жителите ги користат карпите како природни клима-уреди

Се верува дека областа и околните пештери биле населени уште во неолитот, но почетоците на нејзината денешна визија со бели куќи под „застрашувачките“ карпи се навраќаат на Маорите кои се населиле во 12 век, над реката Трехо.

Арапското население одлучило да се пресели во таков пејзаж од практични причини – природните пештери биле идеални за лесна изградба на куќи кои ги штителе жителите од жештините во лето и од студот во зима. Сè што требале да сторат е да изградат фасаси.

Христијаните го освоиле градот од Арапите кон крајот на 15 век, а легендата вели дека е именуван по обидот – „септем нихил“, што на латински значи „седум пати ништо“, бидејќи имало толку многу неуспешни обиди за да се освои.

Покрај тоа што е еден од најпознатите „Бели градови во Андалузија“, денес има околу 3.000 жители кои ги користат карпите како природни клима уреди.

Градот е познат по квалитетно вино и месни производи

Зборот „бодега“ се однесува на бројните винарски визби и лозарската традиција, прекината од инвазијата на паразити кон крајот на 19 век што ја погодила цела Европа.

Меѓутоа, на ова место познато по автентичната гастрономија, денес лесно може да се најде вино со врвен квалитет, како Мерло и Каберне Совињон, но и домашно маслиново масло, мед, џем и многу други автохтони производи.

Сетенил е, исто така, познат по своите месни деликатеси, првенствено чоризо колбасите и локално одгледуваното свинско месо, а опкружен е со прекрасни фарми со свежо и квалитетно овошје и зеленчук.

Неговите ресторани и кафулиња се сметаат за најдобри во регионот, нудејќи уникатен амбиент со тесни калдрмисани улички под карпите и остатоците од тврдината Маори, како и низа цркви и капели.

Сетенил де лас Бодегас е најлесно да се посети со автомобил, оставајќи го возилото во подземен паркинг во градот, а турата вреди да се комбинира со блискиот Рондо.

Познат по борбите со бикови, овој прекрасен град е полн со живописни улици кои послужиле како инспирација за големите светски уметници – Ернест Хемингвеј и Густаво Доре, кои ги поминале најубавите денови од својот живот во Ронда.

Ронда е едно од најстарите места во Шпанија, а покрај необичната положба, во средината на планинскиот венец кој го дели градот на два дела, овој импресивен пејзаж го краси неверојатна архитектура.

Се наоѓа на 750 m надморска височина и е опкружен со ѕидови и планини.

Сетенил де лас Бодегас се наоѓа на само половина час возење од Ронда, час и 45 минути до Севиља и час и 20 минути со автомобил до Малага.

Неверојатни региони, зарем не?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
10 градови кои треба да ги посетите оваа есен 2025-та (по препорака од патувачка блогерка) Амстердам, Холандија... Златните лисја покрај каналите, помалиот број туристи во...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg