Најдобрите места за забава во Истанбул - каде излегуваат младите?

Локација - Таксим: Можеби ќе треба да изгубите повеќе време за да ги забележите вашите пријатели низ толпата, но не грижете се, откако ќе го соберете вашето друштво, ќе можете да уживате со полн здив.

nokjen-zhivot-vo-istanbul-kade-izleguvaat-mladite-01.png

Истанбул е познат по своите атракции и споменици, како што се Сината џамија, античките урнатини, турските бањи, многуте музеи, палати и вкусната локална храна. 

Но, Истанбул не е само фасцинантен град со интензивни вкусови и ароми, туку е град кој е ценет и поради неговиот ноќен живот кој младите го обожаваат. Ноќниот живот во Истанбул е активен, динамичен и привлечен. Турците сакаат да се забавуваат, а зајдисонцето е омилениот дел од денот кога локалните млади и туристи ги „напаѓаат“ улиците на градот.

Каде излегуваат младите?

Таксим

Можеби ќе треба да изгубите повеќе време за да ги забележите вашите пријател низ толпата, но не грижете се. Откако ќе го соберете вашето друштво, ќе можете да уживате во луксузни вечери во блиските хотели, ноќен шопинг, бурни искуства во клубовите или пак поевтини дружења седејќи на клупа и пиејќи пиво.

Бејолу

Оваа област започнува од плоштадот Таксим и продолжува до улицата Истиклал. Од четврток до недела, местото оживува, со ресторани секогаш полни со луѓе, забави и музика во живо што одекнува од едната и од другата страна на улицата.

Таксим и Бејолу се почетен пакет за ноќниот живот во Истанбул. Ајде да продолжиме и да споделиме други локации кои младите ги сакаат.

Бешикташ

После Таксим и Бејолу, омилената локација на младите е Бешикташ. Овде можете да уживате во автентичната атмосфера на утрата, кои не се тивки туку се полни со луѓе кои уживаат во својот типичен турски појадок. 

Навечер улиците околу рибниот пазар исто така се преполни, весели и разиграни. Околу рибниот пазар има различни ресторани во кои се служи морска храна и раки (турска ракија од анасон). Овде цените се нормални и можете да најдете различни барови со музика во живо, а потоа да продолжите во некој клуб.

Ортакој

Ортакој ви го нуди своето крајбрежје обложено со модерни и луксузни ноќни клубови. Речиси сите од нив имаат прекрасен поглед кон Босфорот, а освен овој поглед можеби ќе имате шанса и да се сретнете со познати личности кои веќе ги гледате на малите екрани.

Дефинитивно е привилегија да уживате во пијалак и танц гледајќи во хоризонтот на Истанбул, неговите историски и живописни згради и Мраморното Море. 

Кадиќој

Кадиќој се наоѓа во азискиот дел на Истанбул и е популарна локација од многу одамна. Овде ќе најдете улици обложени со стари дрвени згради во кои сега се сместени одлични барови, ресторани и модерни кафулиња. 

Улицата Багдад е најпознатата улица во оваа област. Покрај тоа што има трговски центар, овде има и многу барови и клубови кои се малку поскапи од останатите, но вреди да се посети барем еден од нив. 

 М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg