Топ 10 атракции кои треба да ги посетите во Нови Сад

Петроварадинска тврдина, Дунавски парк, бројните цркви, музеи и целиот центар на градот со богата историја, се места без кои не може да помине ниту едно патување во Нови Сад. Ви нудиме идеи за полесно да ја испланирате следната посета на културната престолнина на Србија.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-01.jpg

Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. 

Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали.

Нови Сад е центар на српската култура уште од формирањето во 1694-та година, а во продолжение погледнете со кои знаменитости ќе се сретнете при неговата посета.

Петроварадинска тврдина и Саат кулата

Позната и како „Гибралтар на Дунав“, ова е една од најголемите и најкомплексни тврдини во Европа, а важи за ремек-дело на воената архитектура од 17-ти век и е најпосетуваната туристичка атракција во градот.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-02.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Симболот на градот е место каде денес се наоѓаат околу стотина уметнички ателјеа, ресторани, кафулиња, музеи, галерии (како подземната воена галерија), планетариум, а тука се одржува и еден од најпознатите европски фестивали EXIT.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-02.jpg-03.JPGфото: Александар Милутиновиќ

Дунавска улица

Ова е една од најстарите улици во градот, а нејзиниот денешен изглед е резултат на обнова која започнала во 19-иот век.

Дунавска улица ја красат густо набиени еднокатници, кои кријат разгранета мрежа на ходници со продавници, ресторани и слаткари.

Дел од неа се Градската библиотека, како и најстарата куќа во Нови Сад, а на оваа адреса имале живеалиште и многу познати српски личности.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-04.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Дунавски парк

Овој парк со еден свој дел се потпира на Дунавска улица, по што го добил и името, а денес е споменик на природата и претставува заштитено природно добро.

Паркот изобилува со парковски стебла од различни видови кои се околу 750 на број, а таму се наоѓаат и бисти на познати поети и уметници.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-05.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Градска куќа (Магистрат)

Градската куќа на Плоштадот на слободата е монументална неоренесансна градба од 1895-та година. За подигање на Магистратот е распишан конкурс на кој можеле да учествуваат сите градители од Хасбуршката монархија.

Станува збор за импресивна градба со четири куполи на сите четири агли и кула на чиј врв се наоѓа балкон. Во времето кога градбата настанала, имало и ѕвоно (кое новосаѓаните го нарекувале Матилда) за узбуна во случај на пожари, кое е претопено во времето на војните, но сеќавањето за Матилда живее и денес.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-06.jpgфото: Драган Куручиќ

Српска православна црква

Соборниот храм Св. Георги е современа црква – еднобрана градба, со трочлен олтарски апсид и високо новобарокно ѕвоно.

Првиот храм на ова место е изграден во периодот 1734-1740 година, а како и поголем дел од градбите во градот, и црквата настрадала во бомбардирањето на тврдината во 1849-та.

Храмот е обновен неколку години подоцна, а современиот изглед црквата го добила со последната обнова во 1902-1905.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-07.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Римокатоличка црква

Иако римокатолиците не се многу на број во Нови Сад, сепак во центарот на градот како една од најпрепознатливите градби и туристички атракции, доминира оваа црква, која се смета и за катедрален храм, а е обновувана неколкупати од 19-иот век.

Во црквата се наоѓаат четири олтари, прозорите се украсени со витражи на кои се претставени библиски сцени и грбови на познати новосадски католички семејства.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-08.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Синагога

Новосадската Синагога заедно со зградите на Еврејското школо и Еврејската општина, претставува културно-историска целина од големо значење, а комплексот е завршен со градење во 1909 година.

Станува збор за трикорабна градба над чиј централен дел се издигнува купола висока 40m, а внатрешноста е поделена на приземје и галерија.

Новосадската Синагога во 1944-та служела како собирен центар на Евреите пред да бидат пратени во логорот на смртта.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-09.jpgфото: Драган Куручиќ

Српска матица

Српската матица е најстарата и најугледната културна и научна институција кај Србите, основата во 1826-та во Будимпешта, а преселена во Нови Сад во 1864-та. Зградата е изградена во 1912-та, а вселена е во 1928-ма.

Во зградата денес се наоѓаат седиштето на српската матица, библиотеката, како и одделенија за книжевност и јазик, природни науки, социјални науки, ликовни уметници, сценски уметности и музика, Лексикографско одделение и Ракописно одделение.

Тука се чува и многу вредна колекција на портрети од основачите, добротворите и дарувачите на српската Матица, која ја работеле водечки српски сликари во 19-ти век.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-10.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Музеј на Војводина

Музејот на Војводина се наоѓа на Дунавска улица 35-37, а во него низ археолошки, историски и етнолошки збирки се чуваат и презентираат трагите од материјалната и духовна култура од просторите на Војводина од палеолитот во 20-ти век.

Институцијата под ова име настанала во 1947-ма како дел од Музејот на српската Матица, а во зградата во која денес се наоѓа е вселен во 1974-та година.

Помеѓу многубројните вредни експонати, во Музејот најпознати се три парадни, доцноримски, позлатени шлемови.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-11.jpgфото: Драган Куручиќ

Плажа Штранд

Штранд е најпопуларната градска плажа која е уредена и отворена за посетители уште од 1911-та година. Посебно младите луѓе во Нови Сад сакаат летото да го поминат тука во дружење и забава со пријателите, а има доволно забавни содржини долж 700-метарската песочна плажа.

Угостителски услуги, игралишта и терени за спорт како одбојка на песок или тенис со глава.

top-10-atrakcii-koi-treba-da-gi-posetite-vo-novi-sad-12.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Сепак, Нови Сад не може да се доживее само со 10 атракции, па за вашето следно патување таму, испланирајте уште неколку места кои задолжително ќе ги посетите зависно од периодот во кој патувате. Повеќе идеи може да најдете ТУКА.

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg