Како да стигнете до скриената рајска плажа Kavourotripes Paradise, на вториот крак во Грција? (фото)

Рајска плажа со бел песок и карпи, кристално чиста тиркизна вода, скриена под природна шума - како изгледа и како да стигнете до една од најубавите плажи на вториот крак во Грција? 

kako-da-stignete-do-skrienata-rajska-plazha-kavourotripes-paradise-na-vtoriot-krak-vo-grcija-foto-01.jpg

Вториот крак во Грција изобилува со недопрена природа, комерцијални, но и диви плажи каде можете да уживате под шума со поглед кон бесконечното азурно море.

Покрај повеќето познати плажи кои важат за најубави на Ситонија, има и една рајска плажа до која се стига по тесно земјено патче.

Kavourotripes Paradise плажата му припаѓа на брегот на Кавуротрипес, а се наоѓа недалеку од прекрасни плажи Orange и Mega Portokali, на само 8km од Сарти.

Како да стигнете до плажата?

  • Ако доаѓате од правецот на Сарти, на околу 1.5km откако ќе наидете на табла за Orange Beach (Portokali) и Mega Portokali, ќе видите знак на кој пишува Kavourotripes Paradise beach.
  • Кај таблата свртете од главниот пат и возете отприлика уште 1km по земјен пат, додека не наидете на паркинг.
  • Паркирајте го автомобилот (и не оставајте ништо вредно во него), а по тесните земјени патчиња, спуштете се кон рајската плажа.

Таму денес има егзотичен бич бар со лежалки и чадори, но има уште една помало местенце, каде можете да си поставите пешкир и да уживате.

Над плажата, во шума е поставена кантина која служи пијалаци и грицки, а во околината има лулки и перници за опуштање.

Се препорачува да ја посетите во работен ден и да отидете порано за да најдете слободно место, со оглед на тоа што е популарна, а не многу голема.

Фото-прошетка низ рајската плажа со бел песок, тиркизна вода, пријатно ветре и звукот на птиците:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg