Еден од најубавите природни базени се наоѓа во Грција - како да стигнете дотаму?

Еден од најубавите природни базени во светот, Гиола, се наоѓа во Грција, а се верува дека го направил Зевс за во него да се капе грчката божица на убавината - Афродита. Што треба да знаете за него и како да стигнете дотаму?

dali-znaevte-deka-eden-od-najubavite-prirodni-bazeni-vo-svetot-se-naogja-vo-grcija-01.png

Без разлика дали природниот базен Гиола е создаден од Зевс како место во кое треба да се капе Афродита, или е создаден од брановите во период од милиони години, искуството од неговата посета долго ќе ви остане во сеќавање.

Каде се наоѓа Џиола?

Солзата на Афродита (како што се нарекува локално) е природен карпест базен на јужниот брег на Тасос. Базенот стекна легендарен статус на островот поради хипнотизирачкиот контраст на неговата вода со дивиот и карпест пејзаж околу него.

Со длабочина од околу 3 метри и површина од 20x15 метри, ова е базен кој му дава сосема поинакво искуство на пливањето во Егејското Море.

Водата е потопла од морето, а боите постојано се менуваат помеѓу сина и зелена.

Како да стигнете до Гиола со ваше возило?

Најблиското место до Гиола е Потос, па ако одите со ваше возило (што е најлесен и најпрепорачлив начин) треба да возите кон ова гратче.

Таму ќе видите хотел Aeria кој кога ќе го поминете, треба да свртите лево и да возите по земјениот пат (ќе видите знак на кој пишува Гиола).

По некое време ќе стигнете до плажа. Таму можете да го паркирате вашето возило бидејќи рутата станува потешка.

Искачете се по патот лево и оставете го возилото.

Од тоа место, спуштете се кон брегот. Има многу знаци и сигнали со стрелки кои ја покажуваат насоката.

Препорачливо е да имате високо четиримоторно или теренско возило. Целокупното растојание од главниот пат е околу 2 километри.

Кога е најдоброто време за посета на Џиола?

Гиола стана една од најпопуларните туристички атракции на Тасос и може да биде преполна, особено во екот на сезоната (јули и август).

Мај, јуни или октомври се најдобри месеци за посета на Гиола ако сакате да избегнете гужви. Исто така е добра идеја да стигнете таму рано наутро.

Дополнителни информации

Базенот не е толку голем како што понекогаш изгледа на фотографиите и пливањето таму може да биде тешко поради бројот на луѓе.

Стана традиција некои луѓе да скокаат од карпите во базенот, но ова може да биде опасно!

Исто така, имајте предвид дека не е толку лесно да се излезе од базенот. Затоа ако одите со деца, внимавајте кога се во водата и погрижете се да им помогнете да излезат.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg