Лошите страни на патувањето со крузер, според патници - турканици за лежалки, чекање во редици, студен ветар

Според три жени кои патувале со крузер, метежот и чекањето во долги редици се работите што се најголемо разочарување за време на патувањето.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-01.jpg

Крстарењето со крузер станува многу популарно од неколку причини. Поголемиот дел од времето го минувате на огромен брод опремен со сè што ви треба, а притоа посетувате и атрактивни дестинации.

Истовремено, во цената се вклучени и оброци, па во текот на целото патување не мора да се грижите за храна и пијалаци.

Сепак, иако звучи атрактивно, и овој начин на патување си има свои недостатоци.

За Insider, три жени кои патувале со крузер во 2021 и 2022 година споделуваат кои се ситниците што најмногу ги разочарале.

Ова не значи дека не уживале во патувањето, но сметаат дека патниците треба да бидат свесни за овие недостатоци и да се подготват за нив.

Секако, ова зависи и од турата, компанијата, но и од очекувањата и критериумите на самите патници. 

Џои Хајден патувала со најголемиот крузер на светот – Royal Caribbean’s Wonder of the Seas – во април 2022 година. Првото нешто што го забележала е дека и на најголемиот крузер на светот се забележува кога има метеж.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-02.jpg

Било речиси невозможно да дојде до оградата на палубата бидејќи имало многу луѓе, а слична била и ситуацијата на базените.

Во текот на 8-дневното патување, околу неа постојано имало многу луѓе.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-03.jpg

Тешко било да најде и лежалка покрај базените бидејќи сите биле зафатени уште рано наутро.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-05.jpg

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-06.jpg

Слично искуство имала и Моника Хемфрис која минатото лето патувала со крузерот Carnival Vista.

Таа вели дека можеби најмногу метеж имало за време на стенд-ап шоуата каде што немало ни место за седење.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-07.jpg

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-08.jpg

И качувањето и слегувањето од бродот траело долго поради огромните редици од патници.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-09.jpg

И двете жени забележале дека има огромни редици пред бифето за храна, но и на шалтерот за информации. Некои луѓе чекале и по еден час за да дојдат на ред.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-10.jpg

Моника Хемфрис вели дека имала и проблем со храната бидејќи многу често оброците биле погрешно обележани во бифето. Таа е вегетаријанец и вели дека двапати по грешка каснала месо поради ова.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-11.jpg

Аманда Краус патувала со нов крузер – Disney Wish – во септември годинава и вели дека направила огромна грешка што не понела повеќе топла облека.

Додека во бродот било топло, на палубата речиси постојано имало ветер, а температурата била релативно ниска и во рестораните.

turkanici-za-lezhalki-chekanje-vo-redici-studen-vetar-koi-se-loshite-strani-na-patuvanjeto-so-kruzer-spored-patnici-12.jpg

Сепак и покрај непријатните изненадувања, трите жени велат дека патувањето со крузер е одлично искуство. Единствено, тие истакнуваат дека треба да имате предвид дека на крузерите секогаш има многу гужва, треба да се подготвите да чекате во долги редици и задолжително да понесете повеќе топла облека, без разлика во кој период од годината патувате.

Но, станува збор за индивидуални искуства и не секој ги доживува исто. Какво е вашето искуство?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го посетив Дубаи – што треба да знаете пред да отидете првпат?“ Вреди да најмите туристички водич, во зима времето е одлично за шетање и задолжи...
Волонтирав во хостел во Бугарија неколку месеци – кои лекции ги научив? Волонтирањето може да ви даде трансформативни искуства, каде што можете да научи...
Корисни трикови како да трошите помалку пари на патувањата (и повеќе да патувате) Tрик 1: Наместо да патувате во ек на сезона, одберете некој помирен период ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg