Зимско-божиќна бајка во едно од најубавите алпски селца во Словенија – како да стигнете дотаму и што ве очекува? (фото)

Крањска Гора е едно од најубавите алпски одморалишта во Словенија, а се наоѓа меѓу планините и ледените езера на Националниот парк Триглав. Популарното туристичко место е еден од најголемите скијачки центри во земјата во зима и популарна дестинација за прошетки во лето.

bozhikjna-bajka-vo-slovenija-dobredojdovte-vo-kranjska-gora-01.png

Во оваа бласт се наоѓа и едно мало селце наречено Алпска Васица познато по огромните количества снег кои го претвораат во вистинска зимска бајка што вреди да се доживее.

Овде ќе ве пречекаат прекрасни глетки, празничната атмосфера и ќе создадете многу нови спомени.

Како да стигнете до Крањска Гора?

Најдобрата опција секако е автомобил што исто така ќе ви даде можност слободно да ја истражувате областа. Но, дури и ако користите јавен превоз, ќе биде добро, само очекувајте многу пешачење и, за жал, неколку од атракциите можеби ќе ви бидат надвор од дофатот.

Има директни автобуси од Љубљана до Крањска Гора на секој час помеѓу 5:30 и 18:30 часот (сепак ова проверете го).

Патувањето трае околу 2 часа, билетот чини 8,70 €. Повеќето автобуси одат до Ратече, кое е околу 4 километри од Крањска Гора, но многу поблиску до Планица, па ако сакате да го посетите центарот на зимските спортови и селцето, подобро е да одите до Ратече.

Зошто селото Алпска Васица е магично во празничната сезона?

Ако некогаш сакате да уживате во празнична магија, ова село ќе ве воодушеви со своите богато украсени улици, а на плоштадот ќе најдете многу дрвени куќички каде што ќе можете да дегустирате разни кулинарски вкусови, од секаква храна до пијалаци и домашни производи. 

Како одличен „додаток“ на ова село е и Езерото Јасна кое треба да биде дел од вашето патување. Со снежните врвови на Алпите кои се рефлектираат во чистата вода на езерото, добивате уште едно искуство со неверојатно убави погледи кон природата.

Овде можете да останете и да го гледате зајдисонцето, а во комбинација со греано винце ќе добиете навистина одлична празнична атмосфера.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...

Најчитани неделава