Химеџи: Најубавиот, но опседнат дворец во Јапонија кој е инспирација за „The Ring“

Не треба да биде чудно што дворецот Химеџи е регистриран на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1993 година. Освен ова, постои и една популарна легенда која ја раскажува тажната судбина за една жена која ја дочекала својата прерана смрт на дното од бунар во дворецот. Звучи познато?

zamokot-himedzi-najubaviot-no-opsednat-zamok-vo-japonija-koj-bil-inspiracija-za-horor-filmot-the-ring-01.png

Првично изграден во 1333 година како тврдина, дворецот Химеџи доживеал повеќекратни поправки пред да се трансформира во денешниот голем комплекс. Дворецот се состои од неверојатни 83 згради и заедно со дворот опфаќа 143 хектари, што го прави најголемиот, а можеби и најубавиот дворец во Јапонија.

Богат со историја и прецизна архитектонска изработка, Химеџи е рај за љубителите на историјата и дизајнот.

Откако неодамна беше подложен на големо реновирање во текот на неколку години, комплексот повторно беше отворен во 2015 година и изгледа подобро од кога било.

Дворецот е висок речиси 50 метри или 17 ката, додека неговата дрвена структура е висока 6 ката.

Не треба да биде чудно што замокот Химеџи е регистриран на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1993 година.

Освен ова, постои и една популарна легенда која ја раскажува тажната судбина за една жена која ја дочекала својата прерана смрт на дното од бунарот во дворот на дворецот. Звучи познато?

zamokot-himedzi-najubaviot-no-opsednat-zamok-vo-japonija-koj-bil-inspiracija-za-horor-filmot-the-ring-03.png

Легендата за духот Окику

Легендата раскажува за дворската дама Окику која била жртва на неправеден заговор за преземање на владеењето на дворецот Химеџи.

Кога господарот на дворецот починал, неговиот злобен главен чувар, Тецузан, планирал да елиминира ривалски наследник со помош на Окику.

Тој пробал да ја заведе, а потоа да ја уценува, местејќи ја за кражба на една од десет скапоцени чинии што претходниот господар ги одредил како наследен подарок.

Кога тоа не успеало, Тецузан одлучил да ја врзе Окику над еден бунар и да ја измачува.

Тецузан постојано ја спуштал и кревал Окику во бунарот, добивајќи садистичко задоволство и удирајќи ја со својот дрвен меч. За да ѝ прости, тој сакал таа да биде негова љубовница, но кога таа одбила, ја пуштил во бунарот.

Набргу, тој слушнал глас што брои чинии од дното, а духот на Окику се издигнувал над бунарот.

Денес се вели дека духот на Окику излегува ноќе. Таа талка по сокаците покрај дворецот и ги брои чиниите. Откако ќе стигне до бројот 9, таа почнува да вреска.

Бунарот можете да го најдете додека го обиколувате дворецот, но внимавајте ако завршите овде ноќе - велат дека од оваа легенда е инспириран хорор филмот The Ring.

zamokot-himedzi-najubaviot-no-opsednat-zamok-vo-japonija-koj-bil-inspiracija-za-horor-filmot-the-ring-04.png

Според јапонските верувања, сите луѓе имаат reikon, што е душа или дух. По смртта на една личност, reikon го напушта телото и влегува во чистилиштето додека не се одржат погребните и пост-погребните обреди.

Откако тие ќе се случат, reikon е слободен да го напушти чистилиштето и да им се придружи на своите предци.

Но, што се случува со ако не се изврши погребниот ритуал? И што се случува ако некое лице е убиено насилно?

Ако се случи некое од горенаведените сценарија, лицето ќе се претвори во yurei кој има способност да шета помеѓу чистилиштето и реалниот свет. Така, ќе прогонува одредена локација, како Окику, додека не се извршат соодветните погребни ритуали или додека не се реши нивната емотивно „незавршена работа“.

Повеќе фотографии од замокот денес:

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg