4 необични синдроми што ги погодуваат туристите, заради кои некои завршуваат и во болница

Знаете ли што е париски синдром? Се смета дека некои познати туристички места предизвикуваат толку силни емоции кај туристите, па тие синдроми добиле и име според местата што најчесто ги предизвикуваат.

4-neobichni-sindromi-shto-gi-pogoduvaat-turistite-zaradi-koi-nekoi-zavrshuvaat-i-vo-bolnica-01.jpg

Патувањата се поврзуваат со учењето, проширувањето на видиците и збогатувањето на духот, но, некои туристи искусиле и малку полоши емоции од патувањето на некои дестинации.

4-neobichni-sindromi-shto-gi-pogoduvaat-turistite-zaradi-koi-nekoi-zavrshuvaat-i-vo-bolnica-02.jpg

Ерусалим, Париз, Фиренца, Индија, се места што најчесто предизвикуваат вакви силни емоции, кои што се познати како синдроми.

Во продолжение погледнете кои се симптомите што се поврзуваат со овие синдроми:

Ерусалимски синдром

Ерусалим е еден од најстарите градови во светот и место каде што се спојуваат трите клучни монотеистички религии, а секоја година е место што привлекува голем број туристи што одат на аџилак.

Овој синдром најчесто ги погодува оние туристи што во главниот град на Израел доаѓаат со верски мотиви.

4-neobichni-sindromi-shto-gi-pogoduvaat-turistite-zaradi-koi-nekoi-zavrshuvaat-i-vo-bolnica-02.jpg

Многумина веруваат дека доаѓањето во овој град кај некои луѓе може да предизвика опсесивни идеи и илузии, па така некои личности може да почнат да се однесуваат како да се „избрани“ да бидат следниот месија. Честопати овие луѓе избираат некој лик од Светите книги и се однесуваат согласно карактеристиките на таа личност.

Првпат бил откриен пред 20-тина години, а годишно се регистрираат околу 100-тина случаи што заболуваат од овој синдром, но истиот не се врзува за одредена религија.

4-neobichni-sindromi-shto-gi-pogoduvaat-turistite-zaradi-koi-nekoi-zavrshuvaat-i-vo-bolnica-03.jpg

Париски синдром

Овој синдром се јавува кај луѓето што се чувствувале разочарани од доаѓањето во Париз. Луѓето што страдаат од овој синдром доживеале големо разочарување затоа што „градот на љубовта“ не е толку убав како што очекувале.

Сепак, кај луѓето што страдаат од овој синдром не станува збор за обично разочарување, туку за тежок културолошки шок со здравствени симптоми.

4-neobichni-sindromi-shto-gi-pogoduvaat-turistite-zaradi-koi-nekoi-zavrshuvaat-i-vo-bolnica-05.jpg

Личноста што страда од овој синдром може да има халуцинации или да почувствува екстремна анксиозност и чувство на деперсонализација, проследено со физички симптоми како што се вртоглавици, потење и повраќање.

Првите случаи на хоспитализација заради ваков синдром биле забележани кај туристите од Кина и Јапонија, затоа што во нивните земји Париз бил премногу идеализиран, а наместо да доживеат филмска романтика во главниот град на Франција ги дочекал хаос во сообраќајот и арогантни келнери што по никоја цена не сакаат да говорат англиски јазик.

4-neobichni-sindromi-shto-gi-pogoduvaat-turistite-zaradi-koi-nekoi-zavrshuvaat-i-vo-bolnica-06.jpg

Уште два синдроми на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg