3-годишно девојче од Србија стана хит на Инстаграм – мајка ѝ снима најсмешни моменти од изолација (видео)

Обожава чоколадо, постојано бара палачинки и крофни, а се нервира кога мајка ѝ по цел ден ја тера да јаде и средува - 3-годишната Николија стана хит со коментарите и разговорите кои ги води со мајка ѝ во видеата.

3-godishno-devojche-od-srbija-stana-hit-na-instagram-majka-i-snima-najsmeshni-momenti-od-izolacija-video-01.jpg

3-годишната Николија  живее заедно со нејзините родители во Чикаго, а видеата кои мајка ѝ ги снима од неа во изолација се дневна доза позитива.

На сите ни е потребно нешто што ќе ни го разубави денот и ќе нѐ насмее, а ова девојче ја има моќта.

Андријана Вујовиќ од Белград, пред 13 години се преселила во Америка, каде моментално поради ситуацијата со корона вирусот останала без работа, па времето во изолација со нејзината ќерка го поминува квалитетно.

3-godishno-devojche-od-srbija-stana-hit-na-instagram-majka-i-snima-najsmeshni-momenti-od-izolacija-video-02.jpg

Малечката Николија има само 3 години, а веќе се однесува како возрасна и успеа да ги насмее сите со нејзините коментари, начинот на зборување и желбата за јадење.

Таа често знае да се пожали дека не добива доволно благо, но подоцна знае да сфати и дека е малку дебелка, па да се „стави на диета“. Николија ѝ помагa на мајка си во домашните обврски, додека нејзиниот татко Жељко е на пат и вози камион.

Андријана вели дека нејзината ќерка отсекогаш била зборлеста и посебна, а пријателите ја натерале да почне да ја споделува на Инстаграм, по што стана хит.

За жал, профилот со повеќе од 100.000 следбеници им е хакиран, но Андријана направи нов профил на кој веќе има повеќе од 30.000 следбеници кои може да ги следат видеата од малата Ники. Се надеваме дека ќе успее повторно да ги објави сите најсмешни видеа кои досега ги имаше на стариот профил.

Сега може да го следите профилот @kucna.devojcica Погледнете некои од најдобрите видеа:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана е стоматолог од Србија – за 4 години роди 3 деца: „Животот не е Инстаграм, сопругот не ме разб... „Социјалните мрежи лажат! Ова е реалниот живот на мајка и татко на 3 деца под 3 ...
„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со ... „На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборував...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg