Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 совети што секој родител треба да му ги каже на детето, според психологот Џордан Питерсон

„Детето кое ги применува овие совети ќе биде добредојдено во секое друштво“, вели познатиот психолог Џордан Питерсон.

soveti-od-poznat-psiholog-za-vospituvanje-na-dete-kako-da-bide-dobredojdeno-i-omileno-vo-sekoe-drushtvo-01.jpg

Џордан Питерсон е канадски психолог и професор по психологија, а неговите совети и мисли се познати ширум светот. 

Згора на тоа, се смета за една од највлијателните личности, а многу често дава и совети за воспитување деца, а се вбројува и во листата на 35 најголеми светски експерти во својата област.

Многупати бил и мета на критики поради остриот јазик и строгите ставови.

soveti-od-poznat-psiholog-za-vospituvanje-na-dete-kako-da-bide-dobredojdeno-i-omileno-vo-sekoe-drushtvo-02.jpg

Во својата книга „12 животни правила“, тој споделува и девет правила кои доколку родителите ги научат своите деца да ги применуваат, исклучително многу ќе им го олеснат животот.

„Дете кое ги знае овие правила ќе биде секаде добредојдено“, вели познатиот психолог.

Совети што треба да му ги кажете на вашето дете, според Питерсон:

1. Не гризете, клоцајте или удирајте, освен во самоодбрана.

2. Не измачувајте или малтретирајте други деца, за да не завршите во затвор.

3. Јадете на цивилизиран и благодарен начин, така што луѓето ќе бидат среќни да ве угостат и со задоволство да ви послужат храна.

4. Научете да делите, за да можат другите деца да си играат со вас.

soveti-od-poznat-psiholog-za-vospituvanje-na-dete-kako-da-bide-dobredojdeno-i-omileno-vo-sekoe-drushtvo-04.jpg

5. Внимавајте кога разговарате со возрасните за да не ги навредите.

6. Одете на спиење мирно и навреме, за родителите да можат да имаат време за себе.

7. Грижете се за вашите работи, бидејќи треба да научите како и затоа што сте среќни што ги имате.

8. Бидете добро друштво кога се случува нешто забавно, па секогаш ќе бидете поканети на забава.

9. Однесувајте се така што ќе им бидете пријатни на другите луѓе и секогаш ќе сакаат да бидат во вашето друштво.

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg