Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство?

Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вредности и да му ги пренесе на своето кумашинче. Се верува дека дека ако одбиеш да бидеш кум на свадба, несреќа ќе те следи во текот на животот и никогаш нема да ја најдеш својата сродна душа, затоа што си одбил да сведочиш пред Бога и луѓето за бракот на двајца вљубени.

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-01.jpg

Кумовите се сметаат за ангели на земјата кои се повикани да му помогнат на човекот да започне духовен живот, кој ќе го штитат од искушенија во текот на неговиот живот.

Имајте предвид дека изборот на кум може да влијае врз иднината на вашето дете.

Крштевањето на детето е неговиот прв чекор на патот кон Бога, а самата церемонија е голем празник за целото семејство.

Детето се крштева само еднаш во животот.

Во никој случај не треба повторно да се крштева дете, што и да се случи.

Црквата забранува овој свет обред да се направи двапати. 

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-02.jpg

За Македонците кумовите се свети личности и се сметаат за најблиски до семејството. 

Зборот „кум“ веднаш сите нѐ асоцира на пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве изневери, кој секогаш ќе биде тука за вас како дел од семејството и на кој можете да се потпрете во секое време.

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-10.jpg

Што ќе се случи ако одбиете кумство?

Постојат повеќе народни верувања.

Едно од нив е дека ако одбиеш да бидеш кум на свадба, несреќа ќе те следи во текот на животот и никогаш нема да ја најдеш својата сродна душа, затоа што си одбил да сведочиш пред Бога и луѓето за бракот на двајца вљубени.

Некои луѓе веруваат дека покрај несреќа во животот, одбивањето кумство носи и осаменост до крајот на животот и дека човекот кој одбил кумство нема да има вистински пријател покрај себе.

Друго верување е дека маж кој одбива да крштева дете, никогаш нема да има потомство, бидејќи не е подготвен да преземе голема духовна обврска.

Морална одговорност на кумот е да се грижи за детето што го крстил. 

Доколку им се случи нешто на родителите на детето, според христијанското правило, кумот станува старател на тоа дете. Законското старателство се доделува на блиски роднини.

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-08.jpg

Старите кумства имаат долга традиција, се одржувале и зајакнувале. 

Старото кумство може да се прекине поради повеќе причини: ако кумот е стар и не може да го следи животот на кумашинчето, ако живее далеку и не може често да го посетува кумашинчето, ако ги занемари своите обврски како кум и ако се откаже од православната вера.

Секако, ваквата одлука се носи со разговор меѓу двете семејства.

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-04_copy_copy.jpg

Кои личности не може да бидат кумови?

Според црковните правила, не можете да земете за кума девојче под 14 години, а за кум момче под 15 години. Црквата смета дека само по оваа возраст човекот може да се занимава со духовно образование.

Монасите и монахињите исто така не можат да бидат кумови.

Родителите ниту некои други крвни и духовни сродници не можат да бидат кумови на детето.

Кум не може да биде ниту некој кој не ги крстил своите деца, бидејќи ако не сака спас за своето дете преку крштевањето, како да помогне на туѓото?

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-06.jpg

Меѓутоа, според ставот на црквата, најважно е тој што ќе го изберете за кум на вашето дете или за вашата свадба да биде добар човек, а сите други работи се помалку важни.

Вообичаено е за кумашинчето да се носат подароци, пари и играчки, но за жал многу луѓе забораваат дека кумовите се првенствено духовни ментори и дека најважно е да ѝ се посветите на таа млада и незрела душа и да се обидете да ѝ помогнете да го најде својот пат во ова тешко време.

Моралното и духовното образование на детето е исклучително важно за подоцна да прерасне во успешен и добар млад човек.

koj-moze-a-koj-ne-moze-da-bide-kum-i-kako-se-raskinuva-staro-kumstvo-03.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...

Најчитани неделава