Кои знаци покажуваат дека треба да посетите дефектолог со вашето дете (и како да се подготвите за првата средба)?

Не постои погрешно време за посета на дефектолог. Важно е да ја препознаете потребата од стручно лице и да побарате навремена помош за вашето дете.

koi-znaci-pokazhuvaat-deka-treba-da-posetite-defektolog-so-vasheto-dete-i-kako-da-se-podgotvite-za-prvata-sredba-01.jpg

Дефектолог е стручно лице кое се занимава со едукација и рехабилитација на деца кои се соочуваат со одредени тешкотии во развојот.

Притоа, се спроведуваат третмани кои го стимулираат развојот на детето, го развиваат постоечкиот потенцијал, се зајакнуваат индивидуалните способности на детето, се ублажуваат или надминуваат постоечките пречки во развојот.

Многу родители си го поставуваат прашањето кога е вистинското време да се обратат на дефектолог.

Па одговорот е: не постои погрешно време, важно е да ја препознаете оваа потреба и да побарате навремена помош за вашето дете.

koi-znaci-pokazhuvaat-deka-treba-da-posetite-defektolog-so-vasheto-dete-i-kako-da-se-podgotvite-za-prvata-sredba-02.jpg

Кога да побарате помош од дефектолог?

Може да побарате процена од дефектолог ако:

  • Детето е родено со некој вид невроризик или има дијагностицирано пречки во развојот
  • Доцни со моторички развој
  • Доцни со развојот на говорот
  • Доцни со развивање комуникациски вештини (на пример, на соодветната возраст не се свртува кога ќе го довикнете, не воспоставува контакт со очи, не го следи она што го покажувате)
  • Ако забележите дека детето не покажува интерес за врсниците и луѓето околу него и има необичен начин на игра (на пример, игра само со делови од играчка, не го вози автомобилот туку само ги врти тркалата…)
  • Забележувате континуирани, повторливи движења кај детето (скокање, нишање, мавтање со раце)
  • Детето е пречувствително на стимули (на пример, ги затвора ушите при гласни звуци)
  • Не е многу чувствително на дразби (не реагира кога се удира, сака да набљудува светли предмети и ги носи поблиску до очите)

Имајте предвид дека ако нешто од ова забележувате кај вашето дете, тоа никако не мора да значи дека тоа има одредени тешкотии - овие фактори зависат и од возраста и од карактерот на самото дете.

Но, при каков било и најмал сомнеж и ако забележите некое невообичаено однесување кај вашето дете, обратете се кај стручно лице што е можно побргу, па ќе добиете совет дали има потреба да продолжите со посети на дефектолог.

koi-znaci-pokazhuvaat-deka-treba-da-posetite-defektolog-so-vasheto-dete-i-kako-da-se-podgotvite-za-prvata-sredba-03.jpg

Како да се подготвите за првата посета на дефектолог?

Доколку одредено однесување кај вашето дете ве загрижува, тогаш најдобро е уште веднаш да закажете посета кај дефектолог.

Секако дека ќе бидете загрижени зашто секој родител го сака најдоброто за своето дете, но најважно е да се опуштите вие, а и да го подготвите вашето дете.

Напишете ги сите ваши сомнежи уште од дома, за во текот на разговорот да не пропуштите нешто важно.

За почеток, дефектологот ќе разговара со вас и преку игра и забавни активности ќе воспостави контакт со детето и ќе ги испита потребните области.

koi-znaci-pokazhuvaat-deka-treba-da-posetite-defektolog-so-vasheto-dete-i-kako-da-se-podgotvite-za-prvata-sredba-04.jpg

Размислете за најраниот период на вашето дете: како се однесувало кога било бебе, дали било посмирено или поактивно, каков бил ритамот на спиење.

Ако детето веќе прозборело и проодело, потсетете се како поминал раниот говор и моторниот развој.

Размислете какво е вашето дете сега, кои се неговите интереси, како се однесува во друштво на своите врсници.

Прашајте како се однесува во градинка и кога не е околу вас. Сите информации се потребни за дефектологот да добие поширока слика за тоа како функционира детето.

Ако веќе имате направено некои медицински испитувања и прегледи, однесете ја медицинската документација со вас.

За да се осигурате дека детето ќе соработува, најдобро е да биде одморено и да не биде гладно.

koi-znaci-pokazhuvaat-deka-treba-da-posetite-defektolog-so-vasheto-dete-i-kako-da-se-podgotvite-za-prvata-sredba-05.jpg

Улогата на дефектологот за развојот на детето

Дефектолошките третмани се индивидуализирани и приспособени според потребите и способностите на детето, вклучувајќи го и неговото опкружување.

Дефектолозите користат различни методи за подобрување на функциите како што се визуелни, аудитивни, моторни, интелектуални и други.

Целите на третманите вклучуваат зајакнување на посакуваното однесување и отстранување на непосакуваното.

Според процената, дефектологот треба да креира индивидуален план за поддршка со краткорочни и долгорочни цели за лекување. Соработката помеѓу дефектолозите и родителите е клучна за долгорочни резултати од лекувањето.

Овој „магичен триаголник“ – дете, родител, дефектолог, работи заедно за постигнување најдобри резултати и тоа преку секојдневни активности и примена на она што ќе го одреди дефектологот.

Она што треба да се има предвид е дека сите деца се развиваат индивидуално. Некои го достигнуваат прагот на развојот многу побрзо од своите врсници, додека пак други доцнат, но тоа не значи дека секогаш е алармантно.

koi-znaci-pokazhuvaat-deka-treba-da-posetite-defektolog-so-vasheto-dete-i-kako-da-se-podgotvite-za-prvata-sredba-06.jpg

Сепак, ако нешто ве загрижува, советувајте се со дефектолог кој ќе ви ги даде понатамошните совети и насоки како да постапувате со вашето дете.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg