Знаци дека сте растеле во дисфункционално семејство (и не сте биле свесни за тоа)

Родителите ве казнувале со молчење и ве притискале да бидете совршени.

znaci-deka-ste-rastele-vo-disfunkcionalno-semejstvo-i-ne-ste-bile-svesni-za-toa-01.jpg

Некогаш проблемите со менталното здравје потекнуваат од околината во којашто сме растеле, односно нашите родители.

Ако сте пораснале во нефункционално семејство, тоа може да се одрази на вашиот живот како возрасна личност.

А многу често децата не се ни свесни дека се во токсичен дом.

Секако, ако имате какви било проблеми со менталното здравје, не треба сами да си давате дијагнози, туку да разговарате со експерт кој ќе ви помогне да го најдете коренот и да ги надминете.

Но, добро е да бидете свесни за знаците дека сте пораснале во нефункционално семејство.

Дел од нив во продолжение:

Родителите ве казнувале со молчење

Ако родителите одбивале да разговараат со вас кога ќе сте направеле грешка, ова дефинитивно е токсично однесување.

А, кога овој третман го добивате од родителите, може да се јават последици подоцна во животот, како отежната комуникација со други.

Некој од родителите имал проблем со зависност

Без разлика дали алкохол, дрога, лекови или нешто друго, ако некој од родителите има зависност, неретко целото семејство, особено децата страдаат од тоа.

znaci-deka-ste-rastele-vo-disfunkcionalno-semejstvo-i-ne-ste-bile-svesni-za-toa-02.jpg

Ве притискале да бидете совршени

Дали сте биле казнувани и за најмала грешка? Дали родителите очекувале да бидете најдобри во сè?

Тогаш сте чувствувале притисок да бидете совршени, поради што можеби и како возрасна личност имате проблеми со перфекционизам, па и ниска самодоверба.

Родителите не ја почитувале вашата приватност

Домот е место каде што треба да се чувствуваме удобно и безбедно.

Но, ако сте пораснале со родител кој ви ја нарушувал приватноста, тогаш веројатно постојано сте биле под стрес.

Родителите имале финансиски проблеми

Ова воопшто не значи дека вашите родители биле токсични или лоши, но ако се соочувале со посериозни финансиски проблеми, веројатно тоа сте го чувствувале и вие.

Можеби сега, кога имате пари, ви е страв да ги трошите, штедите премногу, се чувствувате виновно ако купите нешто што не е неопходно…

znaci-deka-ste-rastele-vo-disfunkcionalno-semejstvo-i-ne-ste-bile-svesni-za-toa-03.jpg

Еден од родителите би опседнат со изгледот

Можеби звучи чудно, но опсесијата со изгледот децата неретко ја наследуваат од родителите.

Ако, на пример, мајка ви постојано држела диети и сметала дека е дебела, голема е веројатноста и вие да сте го „впиле“ ова однесување, па сега да имате комплекси во врска со изгледот.

Родителите не покажувале емоции

Доколку родителите биле емоционално недостапни, не покажувале емоции и одбивале да разговараат со вас за вашите емоции, можно е да чувствувате последици сега.

Ова однесување на родителите има влијание врз емоционалната интелигенција на децата и како тие се справуваат со нивните чувства како возрасни личности.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...

Најчитани неделава