Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца?
„Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и топлина. Но, сè што е премногу интимно или непријатно - не е примерно“- српски психолог во соработка со Ѓоковиќ фондацијата одговара на честата дилема на родителите - Дали да се прегрнувам и бакнувам со сопругот/сопругата?

Честа дилема на родителите е дали треба да искажуваат нежности меѓусебно додека во просторијата се присутни нивните деца.
Многумина би рекле дека треба да се покажува љубов, за децата да учат добар пример, а други пак, сметаат дека не треба на децата да им се прави непријатно.
Психологот Смилјана Грујиќ, во соработка со Фондацијата на Новак Ѓоковиќ, одговори на ова прашање што сите ги мачи.
На Инстаграм споделија неколку убаво напишани слајдови со кои објаснува зошто родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца.
Психологот посочува како ова влијае на децата, но предупредува и до која мера треба да биде тоа прикажано пред нив.
Прочитајте повеќе во продолжение:
Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“.
Детето гледа:
- Сигурност
- Топлина
- Порака: „Моето семејство е добро“.

Децата кои гледаат нежност помеѓу родителите, имаат:
- Повеќе емпатија
- Помалку анксиозност
- Способност полесно да градат здрави односи со партнери, другари...

На тој начин, родителите ги учат децата како љубовта изгледа во вистинскиот живот.
Бидејќи, верувале или не, на детето му е многу понепријатно кога родителите се игнорираат и молчат со денови, отколку кога ќе се бакнат.

Прегрнувајте се.
Држете се за раце.
Бидете пример за однос каков што сакате вашето дете да има еден ден.
Децата не учат од држење предавања.
Учат од тоа што го гледаат секој ден.

Што да избегнувате?
- Претерано интимно однесување пред децата
- Кавги или агресивност (тоа остава многу посилна негативна трага отколку што прегратките носат позитивна)

Златното правило на умереност е клучот кога е во прашање покажување нежности пред децата.
Сè што е природно, топло и семејно - е добро.
Сè што е премногу интимно или непријатно - не е примерно.
Најдобрата работа на светот е да се сакате меѓусебно.
M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com
