„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно“ и уште 6 корисни совети за идните родители

„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно. Ако вашето бебе е среќно додека си игра со лажичката 10 минути, оставете го на мир“.

10-najdobri-soveti-na-pole-kariera-koi-sekoj-rabotnik-treba-da-gi-primeni-01_copy.jpg

Кои се најважните совети кои секој што станува родител за првпат мора да ги прочита?

Луѓе на Редит споделуваат мислења на оваа тема.

Совети кои навистина им помогнат на сите идни родители:

„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно. Ако вашето бебе е среќно додека си игра со лажичката 10 минути, оставете го на мир“.

„Дадете му на вашето дете колку што е можно повеќе блискост, љубов и прегратки, тоа не одлучи да дојде на овој свет, вие одлучивте, па сега ја имате одговорноста од него да израснете среќна и добра личност“.

ne-morate-srekjnoto-bebe-da-go-pravite-ushte-posrekjno-i-ushte-6-korisni-soveti-za-idnite-roditeli-03.jpg

„Првите денови од родителството се ужасни понекогаш и никој не ви кажува колку тешко може да биде, а светот едноставно очекува дека вие ќе се справите со тоа, па можно е да сте исфрустрирани, но тоа не ве прави лош родител“.

„Вие го познавате вашето бебе подобро од кој било друг, па работите правете ги така како што вие чувствувате, а не така како што другите ќе ви кажат. Секое дете е различно, учете во текот на процесот и бидете нежни кон себе“.

„Желбата некои работи да ги правите сами, без вашето бебе, не е себичност. Секому му е потребна пауза и одмор и не дозволувајте некој да ви наметне дека срамота е ако не сте со вашето дете во 100% од денот во секој ден до крајот на вашиот живот“.

ne-morate-srekjnoto-bebe-da-go-pravite-ushte-posrekjno-i-ushte-6-korisni-soveti-za-idnite-roditeli-02.jpg

„Ако вашето дете падне или се повреди, останете смирени, тоа ја гледа и чувствува вашата реакција, па ако сте смирени и тоа ќе остане смирено, а ако паничите и тоа ќе паничи“.

„Ако ве мачи мислата дали сте добар родител, тогаш самото тоа што се преиспитувате значи дека најверојатно сте добар родител“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

 

Би можело да ве интересира:

10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...

Најчитани неделава