„Бидете подготвени за критика“ и уште 7 совети за да го подобрите односот со родителите

Ако сакате да го подобрите односот со родителите, не барајте прават работи за вас што можете да ги направите сами - во спротивно секогаш ќе ве гледаат како нивното мало, беспомошно дете.

bidete-podgotveni-za-kritika-i-ushte-7-soveti-za-da-go-podobrite-odnosot-so-roditelite-01.jpg

Ако се расправате со родителите за секоја ситница (но и за големи работи), верувајте, не сте единствени.

Сите деца често се караат со своите мајка и татко - најлесно е ним да им се развикаат, на нив да го истресат бесот или со нив да се „подбуцнуваат“ за тривијални работи.

Можеби, причината за ова е што знаат дека родителот секогаш ќе им прости. А можеби затоа што навистина имаат толку спротивставени мислења со родителите, што секој разговор завршува со повишен тон.

Сепак, ако не сте дете, туку возрасна и зрела личност, размислете убаво дали вреди да се карате со родителите за сè?

Ако одговорот е НЕ, а вие сакате да имате помирен однос, исполнет со почитување, слога и љубов, тогаш прочитајте ги овие совети.

Некој од нив може да ви го подобри односот со родителите.

bidete-podgotveni-za-kritika-i-ushte-7-soveti-za-da-go-podobrite-odnosot-so-roditelite-02.jpg

Што да направите?

Однесувајте се како зрела и возрасна личност, не како дете

Ако сакате да го подобрите односот со мајка ви или татко ви, не барајте од нив да прават работи за вас што можете да ги направите сами.

На пример, ако им барате пари или се жалите на нечие однесување кон вас, тогаш им покажувате дека зависите од нив како кога бевте дете.

Па тие и така ќе ве перципираат - како малото дете кое трча кај нив за помош, и најверојатно ќе ви помогнат.

Но, во следната ситуација кога ќе сакате да бидете независни, а тие ќе ви понудат помош - можно е да станете нервозни и да се искарате „затоа што не сте дете“.

Колку повеќе обврски преземате на себе, колку повеќе се грижите за себе, толку повеќе и вашите родители ќе се однесуваат со вас како со возрасна личност.

Отворено зборувајте за своите грижи со родителите

Секогаш бидете искрени со нив - отворено кажувајте им што ве мачи, што ве загрижува, што ве плаши.

Можеби мислите дека треба да ги чувате во себе негативните чувства за да избегнете конфликт, но верувајте - ќе се случи некоја банална работа по која ќе избувнете, и тогаш ќе кажете на глас сè што ви пречи.

Вадењето проблеми „од нафталин“ никогаш не е добра идеја и само го влошува односот.

А кога зборувате за тоа што ви пречи, правете го тоа нежно, со почит и обидете се да најдете заеднички излез од ситуацијата.

bidete-podgotveni-za-kritika-i-ushte-7-soveti-za-da-go-podobrite-odnosot-so-roditelite-03.jpg

Најдете заедничко хоби/интерес

Родителите се луѓе кои придонесуваат за развојот на децата уште од првиот ден на нивното раѓање, набљудуваат како нивното чедо се развива, знаат што ги маи нивните деца и слично.

Па, кога ќе поминат тинејџерските години и фазата на константно незадоволство на детето, а ќе дојде периодот на зрелост, наместо да се тргнете од родителите - обидете се пак да се зближите.

Најдете заедничко хоби, некој интерес што ве врзува и поминувајте по неколку часа неделно посветувајќи се едни на други.

Тоа, дефинитивно ќе ве зближи.

Избегнувајте непријатни теми

Ако знаете дека одредени теми ќе предизвикаат силна (негативна) реакција кај вашите родители - избегнувајте ги.

Зошто свесно да влегувате во караница ако нема потреба за тоа.

Подобро да премолчите (и за деликатната тема да разговарате со некој друг) отколку постојано да се карате.

bidete-podgotveni-za-kritika-i-ushte-7-soveti-za-da-go-podobrite-odnosot-so-roditelite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....

Најчитани неделава