Maжи, ве молам носете ги вашите сопруги на љубовни состаноци - еднаш неделно!

mazhi-ve-molam-nosete-gi-vashite-soprugi-na-sostanoci-ednash-nedelno-01.jpg

На Инстаграм се споделува вирално видео на тема како да имате среќен брак:

„Maжи, ве молам носете ги вашите сопруги на љубовни состаноци.

Мора да бидете романтични.

Вратете се во времето кога се состанувавте, кога бевте вљубени и возбудени...

Првата работа која ја гледам кај браковите е дека тие штом добијат деца, почнуваат да се борат, зборуваат за развод...

Но, помислете, кога последен пат сте имале состанок?

mazhi-ve-molam-nosete-gi-vashite-soprugi-na-sostanoci-ednash-nedelno-03.jpg

Прашајте ги, ќе се погледнат и ќе кажат... Не знам, пред неколку, 3, 6, 8 месеци, не знаеме точно.

Не смеете да поминете една седмица без состанок со вашата сопруга.

И треба да биде одговорност на мажот да го организира ова.

Јас го правам тоа, ѝ пишувам на жена ми: „Четврток вечер е злато, може да те одведам на една убава вечера?“ и таа се возбудува и ми праќа срциња и убави работи.

Тоа е тоа што го правам – организирам состанок еднаш неделно.

И правиме различни работи, некогаш одиме на вечера во убав ресторан, некогаш, кога немаме доволно финансии само шетаме во паркот, но секогаш мора да пронајдете време, секоја седмица.

mazhi-ve-molam-nosete-gi-vashite-soprugi-na-sostanoci-ednash-nedelno-02.jpg

И мажи, не е нејзина работа да обезбеди кој да ги чува децата, ваша е. Најдете бебиситерка, средете го домот, испланирајте, како што правевте кога се состанувавте.

Се случува да кажат паровите: „Ох, посакуваме да се чувствуваме како кога се состанувавме...“

Па, мора да го правите тоа што го правевте за да го чувствувате тоа што го чувствувавте.

Па, мажи ве охрабрувам сега, променете се и ќе го промените вашиот брак.

Ако не се состанувате, децата ќе пораснат еден ден и ќе се отселат од домот и вие двајца ќе немате ништо, затоа што не сте ја негувале вашата врска.

Поважно од сè што правите со семејството е вие со вашата сопруга, темелот на домот, да одите на состаноци“.

Видеото со моќна поука:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порака од новороденчето до неговата мајка: „Мама, мириса на млеко и на љубов - тоа е најдобриот мири... „Не можете да ја најдете мама. Ја повикувате и ве обзема страв. Што ако не дојде...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
„Зошто обожавам што сум мајка на момчиња?“ „Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка, но станав мама на момчи...
Српска едукаторка: „Важно е 2-3 дена неделно децата да не прават ништо, а не да одат на сите можни а... „Детето треба да има воншколска активност, но не секој ден и не сè. Најважно е в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg