Српска едукаторка: „Важно е 2-3 дена неделно децата да не прават ништо, а не да одат на сите можни активности“ (видео)

„Детето треба да има воншколска активност, но не секој ден и не сè. Најважно е во текот на неделата да имаме 2-3 дена кога сме дома и не правиме ништо, со своите деца. Во кој смисол? Да сме тука за детето, а тоа да си игра со што само сака“ - вели едукаторката и воспитувачка Марина Илиќ. 

srpska-edukatorka-vazhno-e-2-3-dena-nedelno-decata-da-ne-pravat-nishto-a-ne-da-odat-na-site-mozhni-aktivnosti-video-01.jpg

Марина Илиќ, воспитувачка и едукаторка, како и директорка за развој во NTC системот за учење, гостуваше во подкаст каде зборува за децата и родителите.

Најмногу се фокусира на тоа дека во денешно време родителите не им дозволуваат на децата да им биде здодевно и постојано им наметнуваат активности, со што им одмагаат.

Марина зборува за тоа колку е важно децата некогаш да се остават да им биде здодевно, но и за тоа дека денес, повеќе од кога било, децата имаат огромен број на дополнителни активности.

srpska-edukatorka-vazhno-e-2-3-dena-nedelno-decata-da-ne-pravat-nishto-a-ne-da-odat-na-site-mozhni-aktivnosti-video-02.jpg

Во една изјава, која посебно остави впечаток на социјалните мрежи, вели дека на децата повеќе им недостасува време со родителите, без план, без цел, за однос кој се гради со време.

Нејзината изјава која вирално се споделува:

„Детето треба да има воншколска активност, еднаш-двапати неделно, добро да се одбере за што е детето талентирано, што сака и каде е среќно и опуштено.

По тој ден, каде што детето учело, било во училиште и сè останато, му треба хоби што го опушта, нешто во што ужива.

Дали тоа е јазик, дали е инструмент, дали е фудбал или кој било спорт, тоа е на детето и на родителите.

Но да не биде тоа сè, контраефект има од сè или ништо. А од правилниот избор има многу позитивни ефекти.

srpska-edukatorka-vazhno-e-2-3-dena-nedelno-decata-da-ne-pravat-nishto-a-ne-da-odat-na-site-mozhni-aktivnosti-video-03.jpg

Најважно е во текот на неделата да имаме 2-3 дена кога сме дома и не правиме ништо, со своите деца.

Во кој смисол? Да сме тука за детето, а тоа да си игра со што само сака. Па нешто ќе нè праша, да бидеме тука, присутни.

Тоа е темел за семејството. Ние сега имаме случаи каде семејните врски се скинати и родителите некаде во раниот пубертет, имаат проблем со децата.

Децата не зборуваат за своите дилеми, проблеми искушенија со родителите...“

Погледнете го целото гостување:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg