Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно

prvite-3-godini-od-roditelstvoto-se-najteshki-posle-stanuva-polesno-01.jpg

Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите три. Да, само првите три.

После тоа, сè постепено станува полесно, сè додека еден ден додека детето не стане возрасна личност.

Првите три години се нарекуваат фаза на доверба наспроти недоверба и претставуваат фазата на „слетување“ во животот.

Вашата задача како родител е безрезервно да го опсипувате со љубов детето.

Кога ќе се насмее, вие му се насмевнувате назад. Кога е тажно, да го утешите.

Кога сака да си игра со вас, вие да играте со него. Кога сака да биде прегрнато, да го прегрнете.

Ако му одговарате конзистентно и со љубов во оваа фаза, детето учи дека луѓето се полни со љубов и дека светот може да биде безбеден.

Тие не учат за мама и тато или за нивниот дом. Тие преку вас го учат светот.

Да го кажеме тоа со други зборови?

Во првите три години од животот, детето не учи само за вас. Тоа го учи светот преку вас.

Ако ја освоите нивната доверба, сте направиле тие да имаат доверба во светот. Ако не можат да ви веруваат вам, нема да можат да му веруваат ни на светот.

Нема друга фаза во животот кога личноста е толку подложна на влијание.

Понекогаш, детето ќе има многу непогодни барања, како кога ќе ве моли да го земете во раце кога вие штотуку сте се вратиле од работа и сте уморни.

Не го одбивајте, ниту казнувајте. Само оставете сè и земете го.

Можете мудро да го пренасочите во друга активност подоцна, но најпрво мора да ја исполните неговата потреба за поврзаност.

Кога ќе сподели со вас играчка или храна, примете го тоа со целосно внимание и благодарност. Тоа ви го дава сето што го има.

Тоа не е само играчка, туку целото негово богатство. Кога го цените, во неговиот многу впивлив ум се запишува дека тој/таа е важен/а.

prvite-3-godini-od-roditelstvoto-se-najteshki-posle-stanuva-polesno-02.jpg

Понекогаш, детето ќе биде немирно, раздразливо и крајно тешко.

Ќе пробате пет различни оброци, и ќе ги одбие сите.

Ќе му смените пелени и облека, и пак ќе плаче.

Ќе го смирувате со часови, а сепак нема да заспие.

Ќе се почувствувате фрустрирано, дури и луто. Тоа е разбирливо и сосема човечки.

Но, во тие моменти, треба да запомните едно: детето не се обидува да ве изнервира.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...

Најчитани неделава