„Имам три деца и признавам – најмалото ми е омилено“

„Знам, неприфатливо е да кажам дека имам омилено дете. Но, иако подеднакво ги сакам сите мои деца, со најмалото ми беше најлесно“.

imam-tri-deca-i-priznavam-najmaloto-mi-e-omileno-01.jpg

Само што ми заврши породилното отсуство по третата бременост. На некои места можеби имањето три деца е норма, но статистички, знам дека ова е реткост во развиените земји.

Дури и реакцијата на семејството кога им кажав дека ќе имаме трето дете беше изненадување.

Ми рекоа дека сигурно сама сакам да се казнувам штом сум се одлучила за три деца.

И искрено, некои денови мислам дека се во право.

Бидејќи и со две деца, голем дел од времето се чувствував како да се давам во хаосот.

Сето ова ме води до моето признание – ако мислите дека со три деца станав родител експерт, ќе ве разочарам.

imam-tri-deca-i-priznavam-najmaloto-mi-e-omileno-02.jpg

Јас сум далеку од експерт, но имам искуство да преживеам со деца (на возраст од пет години, две години и четири месеци).

И, има и уште едно нешто што научив – грижата за некои бебиња е полесна.

Знам, знам, неприфатливо е да кажам дека имам омилено дете.

Подеднакво ги сакам сите мои деца, но со третото досега ми било најлесно.

И, многу повеќе уживам во грижата за него отколку за претходните две.

Дозволете ми да ви објаснам.

imam-tri-deca-i-priznavam-najmaloto-mi-e-omileno-03.jpg

Кога ми се роди првиот си во 2019-та, бев новопечена мајка, анксиозна и постојано пребарував на Гугл што е нормално а што не.

Со други зборови, немав трпение, син ми имаше многу гасови и постојано плачеше и целото породилно отсуство го поминав преморена.

Додека да ја родам ќерка ми во 2022-ра, мислев дека вториот пат ќе знам што правам.

Па, изгледа дека универзумот има смисла за хумор бидејќи ќерка ми одбиваше да спие.

И не само тоа, туку почнуваше да плаче на глас кога пробував да ја ставам во креветчето или да му ја дадам на некој друг да ја држи во раце.

Додека да се вратам на работа, повторно бев преморена.

И потоа, минатиот октомври пристигна моето трето бебе, како мало чудо.

Спиеше во креветчето, ретко плачеше, јадеше и само си уживаше.

Постојано чекав да се појави некој проблем, но немаше.

imam-tri-deca-i-priznavam-najmaloto-mi-e-omileno-04.jpg

Па, зошто е во ред да ги сакате сите ваши деца и да имате омилено?

Најпрво, секое бебе е различно. Сите си имаат свои карактери и родителите не можат да направат ништо.

Што побрзо го прифатите овој факт, толку помалку стрес ќе чувствувате.

Ако сакате да имате контрола, може да ви биде тешко.

Но, ако бебето не сака да спие и сака да плаче, потсетете се дека некои работи се надвор од ваша контрола.

Второ – не можете да контролирате какво бебе ќе добиете, па опуштете се.

Ако сте нови родители и се справувате со непроспани ноќи и анксиозни денови, запомнете дека станува полесно.

И, не бидејќи вашето бебе се променило – вие сте тие што се менуваат.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...

Најчитани неделава