6 фрази што родителите често ги користат, но се штетни за децата

„Очекував повеќе од тебе“, „Мрзлив/а си“ – некои фрази со кои родителите мислат дека ги воспитуваат децата можат да имаат спротивен ефект.

6-frazi-shto-roditelite-chesto-gi-koristat-no-se-shtetni-za-decata-01.jpg

Работата на родителите со деца, особено мали, не е воопшто лесна.

Покрај тоа што треба да се погрижат детето да биде нахрането, облечено, избањато, овде е и воспитувањето.

Секој родител прави грешки и некогаш можно е да каже нешто, несвесен дека со таа фраза не го учи детето на подобро.

За HuffPost, неколку експерти споделуваат кои фрази треба да ги избегнувате ако имате мало дете:

„Не е ништо страшно“

Малите деца честопати знаат да се расплачат за работи кои нам ни изгледаат безначајно, некогаш и смешно.

Но, немојте да му велите на детето дека нема потреба да плаче бидејќи станува збор за нешто што не е сериозно.

За детето, тој проблем изгледа сериозно и грешите ако пробате да го банализирате. Многу подобро е да го прашате детето дали сакате да разговарате за она што го мачи.

На овој начин ќе ги валидирате неговите емоции, но и ќе го научите дека треба да зборува за работите што не му се допаѓаат, наместо да ги потиснува чувствата.

„Никогаш не слушаш“ или „Никогаш не правиш…“

Избегнувајте да користите фрази кои почнуваат со „никогаш“ – „Никогаш не правиш како што ќе ти речам“, „Никогаш не ме слушаш“ и слично.

Кога детето ќе направи грешка, важно е да употребите фраза која е соодветна на таа ситуација, наместо да генерализирате.

Со разговор пробајте да откриете зошто детето го направило тоа. На овој начин ќе му биде полесно да си ја воочи грешката и да не ја повтори во иднина.

6-frazi-shto-roditelite-chesto-gi-koristat-no-se-shtetni-za-decata-02.jpg

„Тажен/а сум кога правиш така“

Можеби кога ќе го кажете ова детето веднаш се смирува, но најдобро избегнувајте ја фразата.

Ако детето направило грешка и само му речете дека сте тажни кога го први тоа, детето веројатно ќе ја повтори грешката кога вие нема да бидете тука и нема да научи ништо.

Наместо тоа, кажете му зошто не треба да прави нешто – на пример, да не скока на креветот бидејќи ќе се повреди.

„Очекував повеќе од тебе“

Со оваа и сличните фрази, вие всушност будите чувства на вина и срам за да го воспитате детето. Во ваквите ситуации поверојатно е детето да заземе одбранбен став и да одбива да ве послуша.

Многу поефикасно ќе биде ако го прашате детето дали знае зошто она што го направило е погрешно. Кога ќе му помогнете да ја сфати грешката, ќе си ја научи и лекцијата.

6-frazi-shto-roditelite-chesto-gi-koristat-no-se-shtetni-za-decata-03.jpg

„Остави, јас ќе направам“

Кога ќе видите дека детето има проблем да направи нешто, без разлика дали да си го закопча патентот, да си наполни вода или што било друго, оставете го.

Немојте да му викате дека вие ќе го направите тоа наместо него. Вашето дете уште учи и ако истапувате секојпат кога ќе се соочи со предизвик, не му правите никаква услуга.

Подобро прашајте го дали му треба помош и охрабрете го да се обидува само.

„Ти си…“

Избегнувајте да му ставате етикети на детето, односно да му велите дека е мрзливо, лошо, непослушно и слично.

Штом детето го слуша ова од неговиот родител, ќе почне да го прифаќа како вистина и подоцна во животот лошите етикети ќе имаат влијание врз неговата самодоверба.

Некои експерти препорачуваат и да избегнувате да го величате детето, со етикети како „најпаметно“.

Наместо тоа, секогаш пофалете го трудот – на пример, детето извадило петка по математика не бидејќи е најпаметно, туку бидејќи учело за тестот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Дали родителите треба да се прегрнуваат и бакнуваат пред своите деца? „Кога мама и тато ќе се прегрнат, детето не гледа „романтика“, туку сигурност и ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Си дадов отказ од функцијата директорка за да бидам продавачка - само за да имам повеќе време со де... „Работев од 8 до 18 часот, често имав и повици во текот на денот и ноќта. Не мож...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава