Како да му помогнете на вашето дете да стане самоуверена личност, според психолог?

Фалете го за трудот, не само за резултатите. На овој начин, детето ќе сфати дека дури и да не успее во нешто, не треба да се откаже.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-lichnost-spored-psiholog-01.jpg

Самодовербата може да ни помогне да стигнеме многу далеку во животот, а таа секогаш потекнува од родителите.

Ако работите на самодовербата на детето уште од најрана возраст, тоа ќе порасне во самоуверена личност.

Како да го постигнете ова, според психолог?

Фалете го за трудот, не само за резултатите

Кога вашето дете ќе постигне нешто важно, не му честитајте само за резултатот, туку спомнете го и трудот што го вложило.

Детето нема секогаш да успева во сè, но важно е да го пофалите неговиот труд и во ваквите ситуации.

Со ова ќе му ја зголемите самодовербата и ќе го мотивирате да продолжи да се обидува, дури и откако ќе се соочи со неуспех.

Дозволете му самото да избира

Ако постојано вие одлучувате за вашето дете, вклучително и за работи за кое може самото да одлучува на негова возраст, сигурно ќе му ја разнишате самодовербата.

Доколку досега вие сте одлучувале за сè, почнете со мали чекори да го менувате ова – дозволете му да избере што ќе носи, што ќе прави во слободното време, што сака за грицкање…

Важно е детето да стане свесно за својата независност уште од рана возраст, за подоцна во животот да биде сигурно во своите одлуки.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-lichnost-spored-psiholog-03.jpg

Охрабрете го да пробува нови нешта

Да се биде самоуверен не значи да се биде бестрашен. Напротив, самоуверените луѓе прават работи дури и кога се исплашени.

Ова значи дека вие, како родител, треба да го охрабрувате вашето дете да излезе од неговата зона на комфор и да пробува нови работи, дури и ако тоа го плаши.

А, дури и да не успее, секогаш пофалете го за трудот за да го мотивирате да продолжи да се обидува и во иднина.

kako-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-da-stane-samouverena-lichnost-spored-psiholog02.jpg

Учете со пример

Децата најлесно учат со пример. Па, сето она што го учите детето да го прави, правете го и вие.

Не се откажувајте по неуспех, пробувајте нови работи и пред детето секогаш делувајте како самоуверена личност.

Покажете му безусловна љубов

Самодовербата на детето најмногу ќе се зајакне кога тоа ќе се чувствува видено, поддржано и сакано, без разлика на сè.

Сигурни сме дека го сакате вашето дете, но потрудете се и тоа да го воочи ова.

Кажувајте му дека го сакате, бидете му поддршка и не го терајте да ја заработува вашата љубов бидејќи таа треба да биде безусловна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...

Најчитани неделава