Свештеник од Србија е вирален хит - со моќна порака за родителите и децата (видео)
Свештеникот Александар Прашчевиќ на Инстаграм има 69.000 следбеници... „Ќе ви покажам еден експеримент. Ве молам сега сите заедно да го подигнеме показалецот“, започнува тој.
Свештеникот Александар Прашчевиќ е еден од најпознатите православни свештеници во Србија, кој е особено впечатлив по својот модерен пристап кон верата и активното присуство на социјалните мрежи.
На Инстаграм тој има 69.000 следбеници со кои постојано споделува видеа и совети.
Овој пат тој се фокусираше на родителството како тема и преку едно видео испраќа моќна порака.
Неговиот совет гласи:
„Ќе ви покажам еден експеримент.
Ве молам сега сите заедно да го подигнеме показалецот. Сите показалецот!
Не, ова е палец, а не показалец. (Тој всушност им покажува палец, а им вели показалец и сите го кренаа погрешниот прст)
Вие возрасни личности направивте не онака како што јас барав од вас, туку онака како што вие видовте од мене.
Па, така и нашите деца, нема да се однесуваат така како што ќе им кажеме, туку така како што ќе им покажеме, нема да научат така како што ги учиме, туку така како што гледаат од нас.
Ние на нив им даваме пример“.
Moќна порака, зарем не?
Погледнете го видеото (кликнете на него):
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





