6 работи што децата секогаш ги забележуваат, дури и ако мислите дека се мали за тоа

Ако кажете шега на сметка на вашето дете, мислејќи дека е безопасна, детето можеби нема да ја разбере, но ќе сфати дека сите му се смеат него. И, ова ќе му ја разниша самодовербата.

6-raboti-shto-decata-sekogash-gi-zabelezhuvaat-duri-i-ako-mislite-deka-se-mali-za-toa-01.jpg

Неретко возрасните ги потценуваат децата и мислат дека не забележуваат некои работи.

Но, децата имаат способност да забележуваат детали во однесувањето на луѓето, особено родителите, бидејќи се во фаза на учење и сакаат да ја „впијат“ секоја информација од нивното опкружување.

Шест работи кои вашите деца сигурно ги забележуваат:

Како се однесувате и што мислите за вашиот партнер (или другиот родител)

Иако мислите дека сте биле суптилни кога сте ги „превртеле очите“ кон партнерот, децата ги забележуваат овие работи.

Децата ги забележуваат и критиките и негативните коментари кои му ги упатувате на партнерот, дури и ако пробате да ги кажете саркастично.

Затоа, внимавајте како разговарате со партнерот пред вашите деца бидејќи тие учат од вас.

Како се чувствувате за вашето тело

Ако вие мразите како изгледате, и вашето дете може да има проблеми со самодовербата кога е во прашање неговиот изглед.

Ако вие постојано се жалите дека имате стомаче, целулит или што било, детето ќе почне да се грижи за овие работи и кај себе.

Ниту едно дете нема да се срами за својот изглед, сè додека не слушне дека треба да се срами од своето тело.

6-raboti-shto-decata-sekogash-gi-zabelezhuvaat-duri-i-ako-mislite-deka-se-mali-za-toa-02.jpg

Кои се вашите вредности

Децата забележуваат кои се работите што ги вреднувате благодарение на она што го правите и кажувате.

Ако, на пример, му велите на детето дека спортувањето е здраво, а вие не сте воопшто физички активни, нема да успеете да го излажете, бидејќи тоа учи од пример.

Кога сакате да им всадите вредности на вашите деца, секогаш водете со пример.

Како се справувате со вашите грешки и недостатоци

Ако често се критикувате, па и се казнувате кога ќе направите грешка, и вашето дете ќе го прави тоа.

На пример, ако детето извади слаба оценка и вие пробате да го утешите кажувајќи му дека за следниот тест ќе учи повеќе, нема да му помогнете. Детето ќе го гледа вашиот пример и ќе чувствува презир кон себе.

Поради ова, важно е вие да научите да се справувате со вашите грешки и недостатоци на здрав и продуктивен начин, за и вашето дете да го прави истото.

6-raboti-shto-decata-sekogash-gi-zabelezhuvaat-duri-i-ako-mislite-deka-se-mali-za-toa03.jpg

Каков е вашиот однос со храната

Децата секако дека ќе ги стекнат вашите навики за јадење.

Ако се храните нездраво, поверојатно е дека и вашето дете ќе се храни нездраво. Ако си забранувате оброци и сте опседнати со тежината, сосема веројатно е дека и вашето дете ќе го прави ова. Ако ја користите храната за наградување или казнување, и детето ќе го прави тоа.

Пробајте да го подобрите вашиот однос со храната за и вашето дете да стекне добри навики за јадење.

Како зборувате за вашето дете со други возрасни

Можеби мислите дека шегите на сметка на вашето дете се безопасни бидејќи тоа е мало и не разбира. Детето можеби нема да ја сфати шегата, но ќе сфати дека сите му се смеат него и ова ќе му ја разниша самодовербата.

Никогаш немојте да го критикувате детето или да се шегувате на негова сметка пред други луѓе. Дури и кога раскажувате случка, внимавајте кои зборови ќе ги искористите бидејќи децата впиваат сè, а секој збор од родителот има огромно влијание врз нив.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава