„Родители, престанете да очекувате вашето дете под 7 години да ве слуша - само затоа што сте му родители“
„Не знам зошто од некоја чудна причина родителите одлучуваат дека нивното бебе штом стане мало дете (тодлер) треба да почне да ги слуша“, вели Џес Вандервиер од Канада, психотерапевт и мајка на три деца и испраќа моќна порака.
Џес Вандервиер од Канада е психотерапевт, мајка на три деца и основач на платформата Nurtured First која нуди поддршка на родителите во справување со предизвиците на родителството.
Една од нејзините објави за малите деца замислува и освестува.
Нејзината порака е:
„Родители,
Престанете да очекувате вашето дете на возраст под 7 години да ве слуша само затоа што сте му родители...
Тие не се лоши и без почит, туку едноставно не ве слушаат затоа што се деца.
Децата имаат незрели мозоци и центарот за логика уште им се развива.
Тешко им е да се префрлат од задача на задача или да обрнуваат внимание на повеќе работи наеднаш.
Тие се контролирани од импулсите и тоа е нормален дел од развојот на едно дете.
Не знам зошто од некоја чудна причина родителите одлучуваат дека нивното бебе штом стане мало дете (тодлер) треба да почне да ги слуша.
Но, не е така...
Сепак, има надеж. Ако сакате вашето дете да научи како да ве слуша, треба прво да го научите како да ви верува.
Заслужете ја неговата доверба – играјќи си со него.
Наместо да му кажете: „Ајде, веднаш во кревет“...
Вие кажете му: „Ууу сега ќе дојде големиот џин што ги носи децата на спиење“, па вие глумете дека сте џин и кренете го или смислете нешто друго забавно.
Потоа, заслужете ја неговата доверба – пеејќи му.
Наместо да му кажете: „Ајде! Ти кажав да ги измиеш рацете“...
Вие со потпевнување пристапете му со песничка: „Време е за миење рачиња, рачињааа“.
Заслужете ја неговата доверба – поврзувајќи се со него.
Кажете му: „Кога јас бев дете и јас се чувствував така...“
Заслужете ја неговата доверба – воспоставувајќи рутина.
„Вечер ќе ти прочитам една приказна, исто како вчера“.
Децата ќе научат како да слушаат, откако ќе научат како да веруваат.
А ќе ви веруваат кога ќе го зборувате нивниот јазик.
А нивниот јазик се игри, песни, приказни и ваше константно присуство во нивниот живот“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





