Важен потсетник за секој родител: Вашиот однос со партнерот за вашите деца е најголемата лекција

„Нашето однесување кон партнерот, постапките, тонот на гласот и начинот на кој ги решаваме несогласувањата пред децата ја обликуваат нивната претстава за тоа што значи љубов, почит и меѓусебна поддршка...“

vazhen-potsetnik-za-sekoj-roditel-vashiot-odnos-so-partnerot-za-vashite-deca-e-najgolemata-lekcija-01.jpg

Српскиот Инстаграм профил „Kutak za trudnice, porodilje, bebe i tate“ е посветен на родителството и семејниот живот, особено во првите и најчувствителни фази - бременоста, породувањето и првите месеци/години со бебето.

Има повеќе од 60.000 следбеници и постојано има добри поуки за родителите.

Овој пат фокусот е на односот на родителите и колку и како тој влијае врз децата.

Објава која треба да ја прочита секој родител:

Односот меѓу родителите не е само огледало на нивната љубов, туку и темел врз кој ќе се гради емотивниот свет на нивните дечиња

Нашето однесување, постапките, тонот на гласот и начинот на кој ги решаваме несогласувањата пред децата ја обликуваат нивната претстава за тоа што значи љубов, почит и меѓусебна поддршка.

Децата, дури и кога се мали, ја чувствуваат и впиваат секоја ситница... Од начинот на кој се држиме за рака, до тоа како реагираме во стресни ситуации.

Ако често се гушкаме и покажуваме нежност, тие ќе научат дека љубовта се изразува преку допир, внимание и присуство.

vazhen-potsetnik-za-sekoj-roditel-vashiot-odnos-so-partnerot-za-vashite-deca-e-najgolemata-lekcija-02.jpg

Ако, пак, често сведочат на родителски расправии и нерешени конфликти, несвесно ќе го прифатат тоа како нормален начин на справување со работите.

Ако партнерите во заедницата комуницираат со почит, дури и кога не се согласуваат, децата ќе научат дека разликите може да се надминат мирно и со разбирање, а не со лутина.

Кога покажуваме дека умееме искрено да се извиниме, ги учиме децата на скромност и преземање одговорност.

На крајот, љубовта што си ја даваме еден на друг во присуство на децата создава безбедна средина во која тие растат емоционално здрави и сигурни.

Тој модел ќе ги следи низ целиот живот и ќе ги обликува нивните идни односи, и со пријателите, и со партнерите.

Затоа, секој пат кога ќе подадеме рака, ќе се извиниме или едноставно ќе покажеме внимание, не го правиме тоа само за нас, туку и за нив, за нашите деца, кои токму така ќе научат како да сакаат, да почитуваат и да градат здрави односи во иднина“.

Се согласувате ли?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава