Една грешка што родителите ја прават – зошто не треба да ги покривате децата со пешкир кога ги вадите од вода?
Дали и вие кога ги вадите децата од базен, езеро или море, веднаш ги покривате цели со пешкир за да ги стоплите и исушите подобро? Експерти, но и други родители од искуство споделуваат зошто не треба да го правите ова.

Во тек е летната сезона, кога плажите и базените се преполни со семејства со мали деца.
Па токму сега се потребни сите можни совети кои може да им се најдат на родителите, а се поврзани со заштита на нивните деца во текот на летните месеци.
Овој пат се фокусираме на една честа грешка која многу родители ја прават, а тоа е покривање на децата целосно со пешкир преку раце, кога ги вадат од вода, посебно од базен.

Професионална инструкторка по пливање, Ники Скарнати, на својот ТикТок профил, каде споделува совети, објави видео во кое објасни зошто никогаш не треба да го правите тоа.
Причината е едноставна – им ги покривате рацете и со тоа го ограничувате движењето на екстремитетите во случај да паднат во базен и не можат да реагираат за да се спасат, но дури и да не паднат во вода, не можат да си помогнат и на рамна површина.

„Гледам дека често се случува, а дури и јас како родител го правев ова без да сфатам дека е проблем.
Кога ги вадиме децата од базен, природно сакаме да ги покриеме преку раце, но ако паднат вака во базен, сите екстремитети им се ограничени.
Затоа, кога ќе ги извадите, избришете им ги рацете со пешкирот, а потоа врзете им го под раце“ – вели таа во видеото.
Погледнете го видеото:
@nikki.scarnati I cant tell you how many times I’ve seen a child face plant because they couldn’t catch themselves because their arms were constricted under a towel. Heres a tip to make sure that doesn’t happen ☀️ #watersafety #drowningprevention #scarnatiswim #parenting #swiminstructor #safetyfirstkids
♬ original sound - nikki.scarnati
Голем број родители во коментари се сложуваат со неа, а дел од нив дури велат дека на полошиот начин си ја научиле лекцијата.
„Престанав да ги врзувам децата преку рамо откако син ми падна по скали и си ја расече брадата бидејќи рацете му беа заглавени и не можел да се фати“.
„Го потврдувам ова, кога имав 2 години, паднав во базен со пешкирот врз раце и мораа да ме спасуваат“.
Сепак, некои се скептични и велат дека не мора да им се врзува преку рамо, туку само да им се наметне и така нема да ги ограничува бидејќи самите ќе го држат со раце (ако се поголеми).

Други пак, сметаат дека со самото тоа што пешкирот се врзува пониско, децата може да се сопнат и да паднат, а многумина, исто како и инструкторката, се согласуваат дека пончо пешкирите со отвор кај рацете и соодветна должина се најпрактични.

Кој е вашиот став? Сте имале ли вакви искуства?
Прочитајте и Зошто никогаш не треба да ставате прекривка врз количката со вашето бебе?
М. М. | Црнобело
